На почетокот на 18-от век, западната цивилизација ѝ давала голема вредност на науката. Оваа реакција  на суеверието и стравот кој бил доминантен во мрачниот среден век ја оттурнала интелектуалната елита во друг екстрем – целосно отфрлување на сè што е натрпиродно. И денес ова сфаќање останало доминантно. Сепак, современиот рационализам не успеал во целост да ја згасне гладта на човекот за духовна поврзаност со натприродното.

Еден од начините на кој таа глад се манифестирала била заинтересираноста за спиритизмот. Два истакнати спиритистички медиуми биле Џејн Диксон и Едгар Кајс. Кајс тврдел дека тој дар го добил од Исус. Диксон тврдела дека таа е вдахновена со ист дух како и пророкот Исаија. Другите спиритисти пишувале многу, звучеле убедливо, но со текот на времето луѓето изгубиле доверба во нив. Но сепак, нивните подржувачи пронашле неколку зачудувачки случајности, кои делувале како да го потврдуваат нивниот кредибилитет.

Од друга страна, Библијата зборува многу јасно за натприродните појави, наведувајќи само 2 извори од кого потекнуваат: тие или доаѓаат од Бога кој зборува преку „светите луѓе… научени од Светиот Дух.“ ( 2 Петрово1,21) или доаѓаат од ѓаволот „со секоја сила и знаци и лажни чудеса.“ ( 2 Солунјани 2,9)

За среќа не сме оставени во недоумица по прашањето дали некој е Божји гласник или сатански. Библијата ни дава 10 јасни насоки како помош во одредување на изворите на пророчките натприродни способности. Оној кој тврди дека поседува боженствен дар, а не го помине секој од овие тестови, не може да се смета за Божји пророк. Навистина, вистинскиот пророк ќе ги положи сите 10 тестови со висок успех.

Pin It on Pinterest