Својата нова слика за Бога, Елена ја споделила со Роберт, кој ѝ рекол: „ Дрвото се познава по плодовите. Што ни донесе тоа верување нам? Тоа нè увери дека не сме подготвени за Господовото доаѓање; дека мораме да станеме чисти во срцето… Нè потикна да бараме нова сила и благодат во Бога.“

„Елена, што ти донесе тебе тоа? Дали ти би била тоа што си сега ако не го слушнеше учењето за Христовото скоро доаѓање? Каква надеж тоа вдахнало во твоето срце, каков мир, радост и љубов тоа ти дало?“

Ова длабоко религиозно разочарување и продлабочување на христијанското искуство со нејзиното кревко здравје, ја подготвило младата Елена при крајот на 1844-та година за нејзината неверојатна иднина.

Во декември 1844-та година Елена посетила четири пријатели во Портланд, државата Мејн, за да се молат, да имаат христијанско заедништво и проучување на Библијата. Во текот на тоа собирање пронижано со длабока духовност, Елена била совладана со воодушевувачка визија: „Изгледа дека се подигнуваме сè повеќе и повеќе,“ рекла, „далеку над мрачниот свет“. Очите на нејзиниот ум биле отворени да ја видат славната визија на Исуса Христа кој го води својот народ напред кон права и тeсна патека, додека небото не било осветлено со милјарди (неброено мноштво) ангели и престол опкружен со виножито. Оваа визија била небесен начин на кој охрабрувањето можело да стигне до вознемирените верници, кои биле скршени од разочарување, бидејќи Исус не дошол тогаш кога тие Го очекувале.

Додека Елена ја изнесувала визијата на групата верници во Портланд, кои имале исти убедувања, чувствувала „во неискажливо стравопочитување“ дека таа ќе биде „избрано оружје преку кое Бог ќе му даде светлина на својот народ“. Така започнала  седумдесетогодишната служба која станувала се позначајна како што минувале годините.

Pin It on Pinterest