Кога имала педесет години, во 1878-та година, Елена Вајт ја вклучиле во книгата на познатите Американски биографски значајни и самоостварени луѓе во државата Мичиген:
„Госпоѓа Вајт е жена со единствен урамнотежен ментален склоп. Добродетелството, духовноста и совесноста се нејзините преовладувачки особини. Нејзините лични квалитети се такви што ја задобиваат довербата и заедништвото на сите со кои доаѓа во допир и ги вдахнува со крајна сигурност и искреност… И покрај многу години на јавна работа, ја задржала едноставноста и чесноста кои ги одбележале нејзините рани години.“
„Како говорник, госпоѓа Вајт е една од најуспешните помеѓу неколку дами кои станале вредни за забележување како предавачи во оваа држава во текот на последните дваесет години. Со постојана употреба, нејзините говорни органи така зајакнале што на нејзиниот глас пружиле ретка длабочина и сила. Јаснотијата и силата на нејзиното изразување толку е изразена што кога зборувала на отворено, слушателите можеле да ја слушнат на одалеченост од една милја. Нејзиниот начин на изразување, иако едноставен, секогаш бил уверлив и елегантен. Кога е вдахновена со одредена тема,често е чудесно елоквентна, држејќи ја и најголемата публика со часови воодушевено, без ниту еден знак на нетрпение или умор.“
„Предметот на нејзиниот настап секогаш е со практичен карактер однесувајќи се воглавно на личната одговорност, религиското воспитување на децата, умереноста и сличните теми. Кога има собири за верското пробудување, таа секогаш е најуспешниот говорник. Често се обраќала на неизмерното мноштво во големите градови, со своите одредени теми и секогаш добивала големо одобрување.“