(продолжува од претходниот ден) Иако сатаната е присилен да ја признае Божјата праведност и да се поклони пред Христовата премоќ, неговиот карактер останува непроменет. Повторно блика дух на бунт како силна поплава. Исполнет со гнев, тој одлучува да не отстапи од борбата. Настапува миг на последна очајна битка со небесниот Цар. Тој брза меѓу своите приврзаници и се обидува да ги запали со својот гнев и да ги одушеви веднаш да тргнат во битка. Но од сите безбројни милиони што ги наведувал на бунт, нема веќе ниту еден кој сега ја признава неговата власт. Неговата моќ е исцрпена. Грешниците се исполнети со истата омраза кон Бога која го исполнува и сатаната. Но тие увидуваат дека нивниот случај е безнадежен и дека не можат да се борат против Бога. Нивниот гнев сега се распалува против сатаната и против оние што биле негово орудие во измамите, и со демонска јарост се свртуваат против нив.

Господ кажува: „Бидејќи го изедначуваш своето срце со Божјето, еве, ќе доведам против тебе туѓинци, најнасилни меѓу народите. Тие ќе ги извадат мечевите против твојата прекрасна убавина, и убавината ќе ти ја извалкаат, ќе те турнат во јама.“ „За тоа те истргнав од среде огненото камење, херувиме, заштитниче… Те фрлив на земјата и те предадов на земните цареви да те гледаат презриво… Те претворив во пепел на земјата пред очите на оние што те гледаат… Ти стана плашило, исчезна засекогаш“ (Езекил 28,6-8.16-19).

„Да, сите воени обувки, секој плашт натопен со крв ќе изгори и ќе биде храна за оган.“ „Господ се разгневи против сите народи, се разјари против сета нивна војска. Ги предаде на уништување, на колеж.“ „Жар и запален сулфур врз злочинците ќе истури, огнен ветер се нивните судбини“ (Исаија 9,5; 34,2; Псалм 11,6). Од небото од Бога паѓа оган. Земјата се топи. Оружјето скриено во нејзината длаб на се исфрла надвор. Од секоја отворена бездна блика пламен кој уништува. Карпите се запалуваат. Настапил „денот кој гори како печка“. Елементите се топат од жестоката горештина, а исто така и земјата и сè што е на неа гори (Малахија 4,1; 2. Петрово 3,10). Површината на земјата изгледа како растопена маса огромно огнено езеро што врие. Настапило времето на суд и пропаст за грешниците  „зашто за Господа ова е ден на одмазда, година на наплата да го одмазди Сион“ (Исаија 34,8).

Грешниците ја примаат својата плата на земјата (Мудри изреки 11,31). Тие ќе бидат „стрниште што ќе ги запали денот кој иде, вели Господ над војските“ (Малахија 4,1). Некои ќе бидат уништени во еден миг, додека други ќе се мачат многу денови. Сите ќе бидат казнети „според своите дела“. Бидејќи гревовите на праведниците се положени врз сатаната, тој мора да пати не само поради својот бунт, туку и поради сите гревови на кои ги навел припадниците на Божјиот народ. Неговата казна ќе биде многу потешка од казната на оние што ги измамил. Кога ќе исчезнат сите што подлегнале на неговите измами, тој и понатаму ќе биде жив и ќе се мачи. Конечно со пламенот на чистење уништени се сите грешници, и коренот и гранките сатаната како корен, а неговите следбеници како гранки. Применета е полна законска казна, барањата на Законот се задоволени, а небото и земјата ја потврдуваат Господовата праведност.

Разорното дело на сатаната засекогаш е завршено. Шест илјади години ја спроведувал својата волја, исполнувајќи ја земјата со јад и нанесувајќ и ѝ болка на целата вселена. Сите созданија стенкале и воздивнувале од мака. Сега Божјите созданија за навек се ослободени од неговото присуство и искушение. „Сета земја почива, мирува, триумфирајќи од радост“ (Исаија 14,7). Низ целата верна вселена се разлеваат похвални песни и радост. „Глас на силен народ, како бучава на силни води и како татнеж на моќ ни громови“ се слуша како зборува: „Алелуја, зашто владее нашиот семоќен Господ Бог!“ (Откровение 19,6).

Додека земјата е обвиена со оган кој уништува, праведниците се сигурни во светиот град. Над оние што имале дел во првото воскресение, втората смрт нема власт. Додека Бог за грешниците е оган кој уништува, за својот народ Тој е „сонце и штит“ (Откровение 20,6; Псалм 84,11). (продолжува)

Pin It on Pinterest