(продолжува од претходниот ден) Вџашени, ангелите биле очевидци на ужасната агонија на Спасителот. Небесните војски го засолниле своето лице од страшната сцена. Мртвата природа го изразила своето сочувство кон навредениот Творец кој умирал. Сонцето го засолнило својот поглед од оваа страшна сцена. Неговите сјајни зраци ја осветлувале земјата на пладне, а наеднаш потоа како да исчезнале. Крстот го обвила потполна темнина како мрто вечки покрив. „Сета земја ја покри темнина до девет часот.“ Немало никакво затемнување или некоја друга причина за оваа темнина толку длабока како полноќ кога нема месечина и ѕвезди. Тоа било натприродно сведоштво што го дал Бог за да ја утврди верата на идните поколенија.

Во тој густ мрак било скриено Божјето присуство. Од мракот си создал себеси засолниште и ја скрил својата слава од човечките очи. Бог и неговите свети ангели биле крај крстот. Отецот бил со својот Син. Сепак, неговото присуство не било откриено. Кога би засветила од облакот, неговата слава би го уништила секој набљудувач. Во тој ужасен час Христос не можел да биде утешен со присуство на Отецот. Сам газел во кацата и никого немало од луѓето крај него.

Со овој густ мрак Бог ја засолнил последната човечка претсмртна мака на својот Син. Сите што ги виделе Христовите страдања биле осведочени во неговото божество. Кога луѓето еднаш го виделе тоа лице, никогаш не можеле да го заборават. Како лицето на Каина што носело траги од злосторството, така Христовото лице откривало невиност, мир и доброта Божјиот лик. Но неговите тужители не се осврнувале на овој небесен печат. Подбивното мноштво го набљудувало Христа во текот на долгите часови на претсмртната борба. Сега бил милостиво скриен со Божји плашт.

Се чинело како да се спуштила гробна тишина. Мноштвото собрано околу крстот ги опфатил неискажлив страв. На нивните усни замреле хулните зборови и навреди. Мажите, жените и децата попаѓале на земја. Од облакот повремено би болснале остри молњи откривајќи го крстот и распнатиот Откупител. Свештениците, поглаварите, закониците, крвниците и џганот сите мислеле дека настапил миг на одмазда. По извесно време некои прошепотиле дека Христос ќе слезе од крстот. Некои, пипајќи, се обиделе да го побараат патот кон градот, удирајќи се во градите и пискајќи од страв.

Во девет часот народот не го обвивала повеќе темнина, но сè уште останала околу Спасителот. Тоа било знаменитост на неговите претсмртни маки и на ужасот што го притискал неговото срце. Ниедно око не можело да се пробие низ темнината што го обвивала крстот, и никој не можел да проникне низ уште подлабоката темнина што ги покривала страдањата на Христовата душа. Острите молњи како да биле насочени кон него додека висел на крстот. Тогаш „Исус повика со силен глас: ‘Елои, Елои, лама савахтани?’ „Боже мој, Боже мој, зошто ме напушти?“ Кога се згуснал околу Спасителот најдлабок мрак, мнозина извикнале: Небото му се одмаздува. Врз него се урнаа громови на Божјиот гнев затоа што тврдеше дека е Божји Син. Мнозина што верувале во него го чуле неговиот очаен извик. Ја загубиле надежта. Ако Бог го напуштил Исуса, во што можат да имаат доверба неговите следбеници?

Кога се повлекла темнината од Христовиот потиштен дух, повторно оживеале телесните страдања и затоа рекол: „Жеден сум.“ Еден од римските војници, поттикнат со сочувство додека ги гледал сувите усни, ставил сунѓер на прачка од исоп, го натопил во сад со оцет и му понудил на Исуса. Свештениците се подбивале на неговите претсмртни маки. Додека земјата ја покривал мрак, нив ги обземал ужасен страв; сега, кога мракот попуштил, повторно се исплашиле дека Исус можеби ќе им побегне. Погрешно ги протолкувале неговите зборови: „Елои, Елои, лама савахтани?“ Со презир и пот смев си велеле: „Овој го вика Илија.“ Не ја искористиле последната прилика да му ги олеснат страдањата. „Остави го“, рекле, „да видиме дали ќе дојде Илија да го спаси.“

Безгрешниот Божји Син висел на крст. Неговото тело било обезобразено од камшикувањето; тие раце, што толку често биле подадени да благословат, сега се приковани на дрво; тие нозе, толку неуморни во службата на љубовта, се приковани на дрво; царската глава е ранета со круна од трње; од треперливите усни се оттргнувал извик на болка. Сè што претрпел капките крв што течеле од неговата глава, од неговите раце и од неговите нозе, претсмртните маки што го кршеле неговото тело и неискажливата болка што ја исполнувала неговата душа затоа што Отецот го скрил своето лице јасно зборува објавувајќи му на секое дете на човечкото семејство: За тебе Божјиот Син се согласил да го носи тој товар на вината; поради тебе го раскопал царството на смртта и ја отворил вратата на рајот. Тој, кој смирил силни бранови и одел по немирно море, кој сторил ѓаволите да се тресат, а болеста да бега, кој им отворал очи на слепите и воскреснувал мртви се принел себеси како жртва на крст, а сето тоа од љубов кон тебе. Тој, кој ги понел гревовите, кој го издржал гневот на божествената правда, заради тебе е сторен грев. (продолжува)

Pin It on Pinterest