(продолжува од претходниот ден) Следниот ден Јован го гледа Исуса како доаѓа. Осветлен со светлината на Божјата слава што почивала врз него, пророкот подава рака и објавува: „Еве го Јагнето Божје кое ги зема на себе гревовите на светот. Овој е Оној за кого ви реков: ‘По мене доаѓа Човек кој постоеше пред мене, зашто беше пред мене’… Јас не го познавав. Но, за да му го објавам на Израел, дојдов да крштавам со вода… Го видов Духот како слегува од небото како гулаб, и остана над него. Јас не го препознав, но Оној кој ме прати да крштавам со вода ми рече: ‘Врз кого ќе видиш како слегува Духот и останува над него, Тој е Оној кој ќе крштава со Свети Дух.’ Јас видов и сведочам дека Овој е Божјиот Син“ (Јован 1,29­-34).

Дали е тоа Христос? Со длабока почит и со чудење народот го набљудувал Оној кој штотуку бил прогласен за Божји Син. Тие биле силно поттикнати од зборовите на Јована. Им зборувал во Божје име. Го слушале секој ден додека ги укорувал нивните гревови, а постојано се засилувало нивното уверување дека тој бил пратен од небото. Меѓутоа, кој бил Оној што е поголем од Јована Крстителот? Во негова та облека и во неговото држење немало ништо што би навестувало висока положба. Тој очигледно бил едноставно лице, облечено како и секој од нив во скромна облека на сиромасите. Среде мноштвото имало и такви кои при Христовото крштавање ја посматрале божествената слава и го чуле Божјиот глас. Но од тоа време изгледот на Спасителот значително се изменил. При неговото крштавање виделе преобразба на неговиот лик во небесна светлина; сега блед, исцрпен и ослабен, го препознал само пророкот Јован.

Но, додека народот го посматрал, видел лице за кое божествената милост кажувала дека располага со моќ. Секој поглед на неговото око, секое обележје на неговата појава дишеле со понизност и со израз на неискажлива љубов. Се чинело како да е опкружен со атмосфера на духовно влијание. Иако начинот на неговото однесување бил благороден и ненаметлив, вршел влијание врз луѓето со чувство на моќ што била скриена, а не можела потполно да се потисне. Дали тоа бил Оној кој Израел толку долго го чекал?

Исус дошол во сиромаштво и во понизност за да може да ни биде пример и откупител. Кога би се појавил во царски сјај, тогаш како би можел да дава поуки за понизноста? Како би можел да ни ги изнесува толку проникливите вистини како на Гората на блаженствата? Каде би била надежта на скромните во животот кога Исус би дошол меѓу луѓето да живее како цар?

Меѓутоа, на мноштвото му се чинело невозможно со нивните возвишени очекувања да биде поврзан Оној што го означил Јован. Затоа мнозина биле разочарани и многу збунети.

Зборовите што свештениците и рабините толку многу сакале да ги слушнат, дека Исус сега ќе го објави царството на Израел, не биле изговорени. Тие очекувале и барале ­ и биле готови да прифатат таков цар. Но не сакале да го примат Оној кој сакал да воспостави царство на правда и мир во нив ните срца.

Следниот ден, додека двајца ученици стоеле во близина, Јован пак го видел Исуса среде народот. Пак лицето на пророкот го осветлувала слава на Невидливиот кога извикнал: „Еве го Јагнето Божје!“ Зборовите ги возбудиле срцата на учениците. Тие не ги разбрале потполно. Што значи името што му го дал Јован ­ Јагне Божје? Ни Јован не ги објаснил.

Pin It on Pinterest