МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(1 – 4 Јули: Социјален живот)

„А на третиот ден имаше свадба во Кана Галилејска, и Исусовата мајка беше таму. Ги повикаа на свадбата и Исуса и Неговите ученици.“ (Јован 2:1.2; Библија)

Младенците на таа свадба во Кана Галилејска биле роднини на Јосиф и Марија. Христос бил известен за таа семејна свеченост и, знаејќи дека овде можел да се сретне со многу влијателни лица, Тој заедно со Своите ученици се упатил кон Кана. Штом се дознало дека Исус стигнал во населбата, им бил упатен специјален повик Нему и на Неговите пријатели.

Тој им се придружил на присутните на оваа семејна свеченост и, иако ниедна сенка на лекомисленост не го извалкала Неговото однесување, Тој со Своето присуство ги одобрил таму ваквите собирања.

Овде се наоѓа поука за Христовите следбеници од сите времиња, да не се исклучуваат од општеството, оттргајќи се од сите општествени контакти и тежнеејќи кон строго повлекување и одвојување од своите ближни. За да допреме до сите општествени слоеви, мораме да им се приближиме дружејќи се со нив таму каде што се, затоа што тие ретко тежнеат да се ускладат со нас. Срцата на луѓето можат да бидат допрени од божествената вистина не само од проповедалната. Христос, интересирањето на луѓето го побудувал мешајќи се со нив како оној кој што им сака добро. Им приоѓал во нивните секојдневни дејности покажувајќи искрено интересирање за нивната работа и доживувања. Своите поуки и упатства им ги давал на поедини членови од домаќинството во нивната куќа, доведувајќи ја на тој начин целата фамилија под влијание на Својата божествена присутност.

Христос ја осудувал неумереноста, задоволувањето на телесните желби и лудости, но сепак бил друштвен по природа. Го прифаќал повикот да седне на трпеза, не само со учените и благородните, туку и со сиромашните и уценуваните. Не го одобрувал расипништвото, раскошот и бучните веселби, но Му пријаела среќата и радоста на кротките. Една еврејска свадба била сериозна можност, задоволството и радоста не Му биле непријатни на Човечкиот Син.

Pin It on Pinterest