МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(1 – 7 ноември: Опременост за победа)

„Облечете се во сето Божјо оружје, за да можете да им се спротивставите на измамите на ѓаволот. Зашто нашата борба не е против крвта и телото, туку против началствата, против властите, против светските владетели на темнината на овој век: против духовните сили на злото во небесните места.“ (Ефесјаните 6:11.12; Библија)

Во духовната борба никогаш не треба да поаѓаме ненаоружани. Токму тогаш е потребно да бидеме опремени со сето Божјо оружје. Секој дел од тоа наоружување е суштински битен.

Иако сатаната постојано настојува да го заслепи умот пред овие факти, некои христијани никогаш не забораваат дека „нашата борба навистина не е против крвта и телото, туку против началствата, против властите, против светските владетели на темнината на овој век: против духовните сили на злото во небесните места“.

Одѕвонувајки низ вековите, опомената на вдахновениот апостол допира и до нашите денови: „Бидете трезвени и бдејте: вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика, барајки некого да го проголта.“ (1 Петрово 5:8; Библија)

Од Адамовите денови па сѐ до денес, нашиот голем непријател не престанува да ја покажува својата моќ преку притисоци и уништување. Сега се подготвува за својот последен борбен поход против Божјата Црква.

Сите коишто сакаат да Го следат Христа неизбежно ќе дојдат во судир со овој неуморен непријател. Доколку еден христијанин е посличен на божествениот Пример, дотолку е посигурно дека ќе стане мета на сатанските напади.

Мораме да се облечеме во сето Божјо оружје, за да можеме во секој момент подготвено да им се спротивставиме на силите на темнината. Кога ќе притиснат на нас искушенијата и неволјите, да се свртиме кон Бога и да побараме милост од Него во молитва. Тој нема да нѐ остави празни, и моќта на непријателот ќе биде скршена.

О, кога секој би можел да го согледа ова во вистинска светлина, и цврсто да се држи како добар војник за Исуса Христа! Тогаш Израел би чекорел напред, силен во Бога, и во силата на Неговата моќ.

Pin It on Pinterest