МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(4 – 10 октомври: Стравопочит во мојот живот)

„Помни го саботниот ден за да го осветуваш. Шест дена ќе работиш и ќе ги вршиш сите свои работи. А седмиот ден е сабота Господова на твојот Бог. Тогаш никаква работа не ќе работиш.“ (Излез 20:8.9; Библија)

Налогот: „Помни“ се истакнува на самиот почеток од четвртата заповед. Родители, вие секогаш треба да имате на ум правилно да го светкувате саботниот ден. Правејќи така, ќе бидете во состојба добро да ги насочите и своите деца, така што тие ќе чувствуваат стравопочит кон овој свет Божји ден.

Светоста на Господовата сабота имајте ја на ум во текот на целата седмица, затоа што тој ден треба да биде посветен во служба на Бога. Тоа е ден кога телото треба да се одмара од сите овоземски работи, кога посебно внимание треба да им се посвети на потребите на душата.

Саботата треба да ја направиме да ни биде најубав и најблагословен ден во седмицата. Родителите на тој ден можат и треба да посветат посебно внимание кон своите деца, читајќи им ги најпривлечните детали од библиската историја и учејќи ги кон саботата да имаат вистинско стравопочитување, светкувајќи ја во склад со Божјиот Закон. Со правилно светкување, тие, саботата навистина можат да ја направат да им биде „милина“, настојувајќи да ги заинтересираат своите деца за читање на Божјото слово – Библијата и за разговори за спасение на душата.

Сите треба да најдат можност еден дел од овој свет ден да го поминат надвор од својот дом. На младите треба да им се овозможи да Го препознаат Бога во убавините на природата, насочувајќи го нивното внимание на доказите за Неговата љубов кон човекот, докази искажани преку делата што толку прекрасно ги создал. Посматрајќи ги убавините во светот на природата што Тој ја создал за да ги направи луѓето среќни, децата ќе бидат наведени во Бога да гледаат нежен и сочувствителен Татко преполн со љубов. И кога Бог ќе им се покаже така што ќе можат да ја согледаат сета Негова љубов, добрина и убавина на Неговиот карактер, децата ќе бидат наведени да Го засакаат.

Саботата е златна алка со којашто Бог се поврзува со Својот народ. Да се држи саботата света во Господа значи вечно спасение.

Pin It on Pinterest