МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(1 – 14 февруари: Дарови на Светиот Дух)

„А ние сите, со откриено лице, ја одразуваме Господовата слава и се преобразуваме во ист лик, од слава во слава, како што го прави тоа Господовиот Дух.“ (2 Коринтјаните 3:18; Библија)

Само Светиот Дух може да го очисти нашето срце. Со посредство на тој Дух верникот станува соучесник во божествената природа. На припадниците на Својата Црква, Христос го дава Својот Свет Дух како една божествена сила за да ја победат секоја вродена склоност кон злото, и за во нив да се одрази Неговиот карактер.

Кога Светиот Дух ќе го заземе срцето, тогаш во животот доаѓа до потполна промена. Се отфрлаат злите дела и секоја грешна мисла; а наместо гнев, омраза и караници се изразува љубов, понизност и мир. Радоста и среќата го завземаат местото на жалоста, а на лицето се одржува небесно спокојство. Никој не ја видел раката како го крева товарот од душата, ниту ја здогледал светлоста како се спушта од небесните дворови. Благослов доаѓа кога душата со вера ќе Му се потчини и потполно ќе Му се предаде на Бога. Тогаш една сила којашто не може да се види со човечко око, во нас создава ново битие според Божјиот лик. Светиот Дух е дишење на духовниот живот во душата. Давање и примање на Светиот Дух е давање и примање на Христовиот живот. Тоа примателот го исполнува со Христовите својства.

Верата којашто доаѓа од Бога е само онаа вера којашто води кон Бога. За да Му служиме на Бога онака како што треба, мораме да бидеме родени од божествениот Дух. Тоа ќе го очисти нашето срце и ќе го обнови нашиот ум, давајќи ни нова сила и способност да Го запознаеме и да Го љубиме Бога. Тоа ќе ни даде волја и подготвеност да ѝ се покоруваме на сите Негови заповеди. Тоа е вистиска служба на Бога. Тоа е плод на делувањето на Светиот Дух. Секоја искрена молитва е составена и срочена од Светиот Дух, и таквата молитва пред Бога ќе биде сигурно примена. Секогаш кога една душа Го бара Бога, во самиот тој чин се манифестира делувањето на Светиот Дух, и на таквата душа Бог сигурно ќе ѝ се открие. Оние коишто така Му се молат на Бога, нема залудно да бараат. Тој едвај чека да ги прими и да ги направи Свои синови и ќерки.

Pin It on Pinterest