МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(1 – 14 февруари: Дарови на Светиот Дух)

„А Утешителот, Светиот Дух, Кого Татко Ми ќе Го испрати во Мое име, ќе ве научи сè и ќе ве потсети на сè што ви реков.“ (Јован 14:26; Библија)

Христос станал од мртвите, и над отворениот гроб изјавил: „Јас Сум воскресение и живот!“ (Јован 11:25; Библија) Светиот Дух е испратен според Неговото ветување, дадено на учениците, за да нè потсети на сè. Со Својата чудесна сила, Тој, Своето напишано слово го сочувал низ сите векови сè до денешен ден. Зарем тогаш, не треба, тоа Слово да го направиме предмет на свое постојано проучување за да дознаеме што е Божјата намера за нас?

Христовите слуги не треба само да подготвуваат посебно составени говори кои што ќе ги изнесат кога ќе бидат изведени пред судови. Нивната припрема треба да се изведува секојдневно со собирање на драгоцените вистина на Божјото слово, и со јакнење на својата вера преку постојана молитва. Кога ќе бидат изведени пред суд, Светиот Дух ќе ги потсети на секоја вистина која ќе им биде потребна, онака како што ветил Христос.

Секојдневното, искрено тежнеење и настојување да се запознае Бог и Исус Христос, Кого што Тој го пратил, на душата ќе ѝ даде неопходна сила и ефикасност.

Знаењето стекнато со ревносното истражување на Светите списи, ќе светне во сеќавање во вистинскиот момент. Меѓутоа, доколку некој занемарил да се запознае со Христовите зборови, ако никогаш во неволја не ја искусил силата на Неговата милост, таквиот не може да очекува дека Светиот Дух ќе го потсети на Неговите зборови.

Христос направил сè за ние да можеме да станеме силни. Тој ни го дава залогот на Светиот Дух, чијашто улога е да нè потсети на сите ветувања што ги дал Христос, за да можеме да имаме мир и слатко чувство на простување.

Само ако својот поглед постојано го држиме насочен кон Спасителот, имајќи потполна доверба во Неговата моќ, ние ќе се чувствуваме потполно сигурни, затоа што Христовата праведност ќе стане и наша праведност.

Pin It on Pinterest