МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(6 – 12 септември: Примери на посветен живот)

„Им ги дадов и Моите саботи, за да бидат знак меѓу Мене и нив, па да знаат дека Јас сум Господ што ги осветува.“ (Езекиел 20:12, Библија)     

Господовиот Ден што Јован го споменува во (Откровение 1:10) е сабота, денот во којшто Бог се одморал после големите дела на создавање и којшто токму поради тоа го благословил и посветил. Јован на островот Патмос, саботата ја празнувал исто така како и додека се наоѓал меѓу слободните луѓе, проповедајќи им во тој ден. Опкружен со пусти врвови и голи карпи, Јован размислувал како токму на гората Хорив Господ му го објавил на Израел Својот Закон, нагласувајќи: „Помни го саботниот ден, за да го празнуваш.“

Божјиот Син од тој планински врв му зборувал на Мојсеја. Бог таквите карпи ги направил Свое светилиште. Вечните врвови биле Негов храм. Божествениот Законодавец се спуштил на една карпеста планина така што сите Израелци, слушајќи го објавувањето на Неговиот Закон, биле длабоко импресионирани од покажувањето на Неговата сила и слава, плашејќи се да ги престапуваат Неговите заповеди. Господовиот Закон е непроменлив и плочите на коишто бил испишан биле од цврста карпа, што исто така укажувало на непроменливоста на неговите прописи.

Карпата или гората Хорив станала свето место за сите оние коишто го сакаат и го ценат Божјиот Закон. Додека Јован размислувал за сцените од Хорив, Духот на Оној Којшто го посветил седмиот ден, се спуштил на него. Тој длабоко размислувал за страшните последици од прекршувањето на Божјиот Закон, почнувајќи се од Адамовиот престап. Бескрајната Божја љубов во давањето на единородниот Син за да го искупи паднатиот род, му изгледала и премногу голема за да може да се изрази со зборови. Затоа тој преку своето послание на сите и во црквата и во светот им порачува: „Погледнете колкава љубов ни укажа Таткото!“     

Сите коишто саботата ја сметаат за знак помеѓу нив и Бога ќе ги признаат начелата на Неговото владеење. Тие, Законите на Неговото царство ќе ги применуваат во секојдневниот живот. Нивна непрекината молитва ќе биде саботното посветување да остане на нив.

Pin It on Pinterest