МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(13 – 19 септември: Посветувачката сила на вистината)

„Исус му рече: Јас Сум Патот, Вистината и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми освен преку Мене.“ (Јован 14:6, Библија)     

Кога Христос на брегот на Јордан, веднаш после своето крштевање, клекнал на молитва, небото се отворило а Светиот Дух во вид на гулаб се спуштил на Него опкружувајќи Го со својата слава која што заблескала како чисто злато; и тогаш се зачул Божјиот глас од небесните висини: „Ова е мојот возљубен Син кој ми е по волјата.“

Христовата молитва во име на човекот ги отворила вратите на небото и Таткото одговорил прифаќајќи го Неговото залагање за паднатиот човечки род. Христос се молел како наша замена и како наш Влог и сега човечкиот род нашол пристап кон Таткото преку заслугите на Неговиот сакан Син.     

Оваа земја поради човечкиот престап била оттргната од небесната заедница. Секоја врска помеѓу човекот и Неговиот Творец била прекината, но патот по кој што тој повторно може да се врати во домот на Таткото е сепак пронајден. Христос е Патот, Вистината и Животот. Вратите на небото се повторно ширум отворени и блескавите зраци од Божјиот престол можат да продрат до срцата на оние коишто Го љубат Него, иако живеат на оваа земја која се наоѓа под повеќекратно проклетство на гревот. Светлоста која што на брегот на Јордан го опкружувала саканиот Божји Син ќе ја осветли патеката на секој оној којшто ќе продолжи по Неговите стапки. Нема никаква причина за сомнеж или обесхрабреност. Божјите ветувања се сигурни и непоколебливи.

„Затоа, излезете од меѓу нив и одвојте се – говори Господ, и не допирајте се до нечисто; и Јас ќе ве примам; и ќе ви бидам Татко, а вие ќе бидете Мои синови и ќерки, говори Господ Семоќниот.

Сакате ли навистина и вие да бидете синови и ќерки на Семоќниот? Можете секогаш да Му се обратите на Таткото во името на Неговиот возљубен Син, и колку и да се слаби и несовршени вашите молитви, Христос ќе ги принесе пред престолот на бескрајната сила, и светлоста што Него го осветлила на брегот на Јордан ќе ве осветли и вас. Ќе бидете примени преку Саканиот.

Pin It on Pinterest