МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(9 – 15 август: Одете по Христовиот пат)

„Додека им зборуваше за тоа, ете еден началник на синагогата дојде, падна пред Него ничкум и рече: ‘Мојата ќерка умре сега; туку дојди и положи ја Својата рака на неа, и таа ќе живее.’ И Исус стана и го следеше, со Своите ученици.“ (Матеј 9:18.19; Библија)

Христос се залагал за сите што биле подготвени да ја слушаат Неговата Реч, не само за цариниците и отфрлените, туку исто така и за богатиот и угледен фарисеј, за еврејскиот кнез, за римскиот капетан и за истакнатиот човек од царската служба. Таквиот начин на работа секогаш ми беше предочуван.

Вишите сталежи биле многу занемарени. Меѓутоа, и во тие високи слоеви на општеството се наоѓаат мнозина што ќе ја прифатат вистината затоа што е логична и што носи впечаток на евангелска возвишеност. На таков начин ќе бидат придобиени доста голем број на способни луѓе, а потоа и самите енергично ќе се вклучат во работата за Господа.

Владетели и државници, луѓе од авторитет и доверба, луѓе од сите сталежи што знаат да мислат, со внимание набљудуваат сѐ што се случува околу нас. Тие будно ја следат немирната и затегната ситуација што постои помеѓу народите во светот. Гледајќи ја жестината која ги обзема сите на овој свет, тие согледуваат дека нешто големо само што не се случило, дека светот се наоѓа на работ на страшна криза.

Не треба да заборавиме ниту на адвокатите, министрите, сенаторите и судиите, затоа што мнозина од нив се робови на неумереноста. Мораме да се обидеме да сториме сѐ што е во наша моќ за да им докажеме дека нивните души се вредни за спасение, дека вреди да се вложат напори неопходни за вечен живот.

Ниту најголемите луѓе во светот не се надвор од досегот на чудотворната Божја сила. Кога ќе Му се обратат на Христа, мнозина од нив стануваат орудија во Божјите раце, залагајќи се токму за оние слоеви на кои и самите им припаѓале. Само вечноста ќе открие што сѐ се постигнало со службата од ваков вид, колку души, уморни од сѐ што е овоземско, на овој начин биле доведени до Големиот Исцелител.

Pin It on Pinterest