МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(15 – 21 ноември: Оние што ќе победат)

„Зашто, како што со непослушноста на еден човек мнозина станаа грешници, така и со послушноста на Еден мнозина ќе станат праведни.“ (Римјаните 5:19; Библија)

Христос во Светите списи (Библијата) се нарекува втор Адам. Во чистота и светост поврзан со Бога, Неговиот сакан Син започнал таму каде што започнал и Адам. Се сложил да живее на оваа земја на којашто паднал Адам, и да го искупи Адамовиот неуспех.

Меѓутоа, Адам во почетокот бил во секој поглед во поповолна ситуација отколку кога Христос се појавил на светот. Човекот во Едем од сите страни бил опкружен со прекрасни докази за Божјата љубов. Сѐ во природата било чисто и негибнато. Ниедна сенка не го нарушувала складот на нашите прародители со нивниот Творец и нивната волја во сѐ била потполна ускладена со Божјата волја. Меѓутоа, сатаната дошол на жителите на Едем на најскриен начин да им подметне сомнеж во поглед на Божјата мудрост. Тој, Творецот, како нивен Татко и врховен Владетел, себично го обвинил затоа што ја проверува нивната верност, со тоа што им забранува да го јадат плодот од дрвото на спознанието.

Христос од сатаната бил кушан на стопати потежок начин отколку Адам, и под околности коишто во секој поглед биле многу потешки. Измамникот се појавил како ангел на светлината, но Христос му се спротивставил на неговите искушенија. Тој го искупил Адамовиот срамен пад, и го спасил светот.

Во својата човечка природа ја одржал чистотата на божествениот карактер. Тој го оживотворил Божјиот Закон и го прославил на овој грешен свет, покажувајќи му на целиот универзум, на сатаната и на сите паднати Адамови синови и ќерки дека со помош на Неговата благодат луѓето можат да го држат Божјиот Закон. Тој дошол да ѝ ја подари Својата божествена природа и Својот божествен лик на секоја душа којашто ќе се покае и ќе поверува во Него.

Христовата победа била потполна исто како и Адамовиот пад. Така и ние можеме да му се спротивставиме на секое искушение.

Pin It on Pinterest