МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(13 – 19 декември: Новата земја – прекрасен дом)

„Зашто, кои зборуваат така, покажуваат дека ја бараат родината. И ако при тоа мислеле на онаа, од која излегле, имаа време да се вратат; но сега, копнеат по подобра, односно по небесната. Затоа Бог не се срами од нив, да се нарече нивни Бог, зашто им приготвил град.” (Евреите 11,14-16; Библија)     

Од страв идното наследство да не изгледа премногу материјално, мнозина им придаваат духовно значење токму на оние вистини кои нè наведуваат ова наследство да го сметаме за своја вистинска татковина. Христос ги уверуваше Своите ученици дека Тој оди да им приготви живеалишта во Домот на Својот Татко. (Јован 14:2; Библија)     

Оние што ќе го прифатат учењето на Божјото слово нема да бидат целосно неуки за небесниот престој. А сепак, „што окото не виде, што увото не чу, што во човечкото срце не дојде, тоа Бог го приготви за оние, кои Го љубат“. (1-во Коринтјаните 2:9; Библија) Човечкиот јазик е несоодветен за да се опише наградата на праведните. Тоа ќе им биде можно само на оние кои ќе ја видат. Славата на Божјиот рај не може да ја сфати умот на ниту еден ограничен смртник.     

Во Библијата наследството на спасените се нарекува татковина. Таму небесниот Пастир лично ќе го води Своето стадо на извори на жива вода. Дрвото на животот ќе дава род секој месец, а лисјата на дрвото ќе служат за здравје на народите. Таму се потоците кои вечно жуборкаат, бистри како кристал, на чии што брегови лелеавите дрвја ја фрлаат својата сенка на патеките што Господ ги припремил за Своите искупени.    

Тревата на бескрајните пространства на новата земја секогаш ќе биде свежо зелена и никогаш не ќе мора да овене или да се исуши, како што тоа се случува на оваа земја. Ружите, лилјаните и разновидното цвеќе, што ќе го има насекаде во изобилие, никогаш нема да ја губи својата свежина, убавина и мирис.     

Лавот, од кого што овде толку многу се плашиме, таму ќе лежи со јагнето, и сè ќе биде мирно и складно на новата земја. Дрвјата на новата земја ќе бидат неверојатно прави и високи, без никакви деформации.     

Таму нема да има ладни ветрови ниту непријатни промени. Атмосферата ќе биде секогаш умерена и здрава.

Pin It on Pinterest