МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(13 – 19 декември: Новата земја – прекрасен дом)

„Среде нејзината улица и од двете страни на реката: дрвото на животот, кое раѓа дванаесет плодови, кое секој месец го дава својот плод; а лисјата на дрвото се за исцелување на народите.“ (Откровение 22:2; Библија)     

Од престолот тече една бистра река, а од обете страни на реката се издигнува дрвото на животот. Плодовите се прекрасни, се прелеваат во златна и сребрена боја.     

Плодовите од дрвото на животот во Едемската градина имале натприродно својство. Додека ги јаделе тие плодови, животот на Адам и Ева се продолжувал во бесконечност. И плодовите и лисјата на тоа дрво го продолжувале животот и донесувале бесмртност. После појавата на гревот, небесниот Домаќин го пресадил дрвото во небесниот рај.     

Искупените свети кои Го љубат Бога и ги држат Неговите заповеди, ќе влезат низ вратите на Светиот Град и ќе имаат право на дрвото на животот. Слободно ќе можат да јадат од неговите плодови како што тоа го правеле нашите прародители пред падот во грев. Лисјето на тоа дрво кое дише бесмртност ќе служи за исцелување на народите. Нивните болки, патила и неволји, таги, болести и смрт тогаш ќе ги нема повеќе, и никогаш повеќе нема да се појавуваат, затоа што со лисјето од дрвото на животот се исцелени од сето тоа.     

Кога искупените, кои што овде постојано биле изложувани на ударите на болката, патилата и тагата, и кои воздивнувале под проклетството на гревот, ќе се соберат околу дрвото на животот, јадејќи слободно од неговите бесмртни плодови и уживајќи ги сите права кои што нашите прародители ги прокоцкале, престапувајќи ја Божјата заповед. Христос ќе го види трудот на своите души и ќе биде задоволен. Опасност за губење на правото на дрвото на животот повеќе нема да постои, затоа што оној што ги навел нашите прародители на грев ќе биде уништен со втората смрт.      

На дрвото на животот висат најубавите плодови што спасените можат слободно да ги јадат. Ниту со најизбрани зборови не може да се опише славата на небото и љубовта на Спасителот која не може да се спореди со ништо.

Pin It on Pinterest