МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(13 – 19 септември: Посветувачката сила на вистината)

„Откако преку Духот ги очистивте вашите души во послушност кон вистината, за нелицемерно братољубие; љубете се истрајно еден друг од чисто срце.“ (1 Петрово 1:22, Библија)     

Лилјанот од брегот на езерото, својот корен го спушта длабоко под површината покриена со кал и разни отпадоци, и со помош на своето порозно стебло се снабдува со својствата кои го овозможуваат неговиот развој и избивањето на неговиот беспрекорен цвет мирно да се одмара на чистата површина на езерото.     

Тој го одбива сето она што на било кој начин би ја онечистило или намалило неговата убавина. Младите нека бараат друштво на такви кои што Го љубат Бога и на кои што Неговиот страв е почеток на мудроста, затоа што токму облагородениот карактер на таквите може да се претстави со лилјаните коишто своите чисти цветови ги отвораат на градите од езерото. Тие одбиваат нивната личност да ја обликуваат влијанијата кои би ги деморализирале, и заминуваат само на такви средби кои допринесуваат за развој на чист и благороден карактер. Тие тежнеат да се угледаат според божествениот пример.     

Според проценката на небото, чистото срце е подрагоцено од офирско злато. Чистото срце е Божји храм и светилиште во кое Христос со задоволство живее. Чистото срце се воздигнува над сето она што е понижувачко; тоа е како ризница на светлина од која доаѓаат само благородни и свети зборови, каде Божјиот лик во човекот се признава и почитува, и каде што Неговиот лик се набљудува со најголемо задоволство. Тоа е срце кое сите свои радости, среќа и задоволство ги наоѓа во Бога и чии сите мисли, намери и желби зрачат со вистинска побожност.     

Секоја мисла на оние кои навистина имаат чисти срца се доведува во покорност на Христа. Тие мислат само за тоа како на најдобар начин да Го прослават Бога.

Ако нашето срце е чисто и во потполност предадено на Бога ќе ни биде природно да тежнееме за чистота и светост, како што ангелите на славата природно ја извршуваат мисијата на љубовта што им е наменета.

Pin It on Pinterest