МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(12 – 18 јули: Дружељубивост во семејството)

„Кој прима едно такво дете во Мое име, Мене Ме прима.“ (Марко 9:37; Библија)

Нашиот дом во посебна смисла треба да претставува место на прибежиште за оние млади коишто се изложени на посебни искушенија. Многумина од нив стојат на раскрсницата на животот. Секое влијание и секој впечаток на којшто се изложени, делува одлучувачки на оформувањето на нивната судбина, и за овој, и за идниот живот.

Не држете се далеку од нив, туку приближете им се што е можно повеќе. Воведете ги во својот семеен круг и дајте им место крај семејниот олтар. Постојат илјадници такви несреќници за коишто треба да се залагаме. Секое дрво во сатанината градина е полно со отровни но примамливи плодови, и тешко на секој оној којшто ќе набере и изеде барем само еден од тие плодови.

Злото ги повикува од сите страни. Неговите расадници изгледаат пријатни и привлечни. Тие му нудат добредојде на секој посетител. Насекаде околу нас се наоѓаат млади коишто немаат свое домашно огниште, и могумина за коишто родителскиот дом – ако воопшто и го имаат – не претставува сила која облагородува и воздига, и затоа таквите млади запаѓаат во зло. Тие пропаѓаат пред самиот наш праг.

На тие млади луѓе навистина треба да им ја подадеме раката на сочувство. Љубезните зборови, едноставно изговорени, ситните ненаметливо укажани влијанија ќе ги растераат облаците на искушенија коишто се насобрале над таквите души. Вистинскиот израз на сочувството дадено од небото има сила да ја отвори вратата на срцето на коешто му е потребен милиот мирис на христијанските зборови и нежениот допир на Христовиот дух на љубов. Кога би сме се заинтересирале за таквите млади, повикувајќи ги во својот дом и опкружувајќи ги со влијание коешто потпомага и храбри, многумина од нив своите чекори со задоволство би ги насочиле на патеката којашто води во спасение.

Имајте на ум дека среќата не се наоѓа во затварањето во самиот себе, задоволувајќи се со тоа, својата љубов и внимание да си ги укажувате само еден на друг. Искористете го секој миг, среќата со којашто сте благословени да ја споделите со оние коишто се околу вас. Вистинската радост се наоѓа само во несебичното служење на другите.

Pin It on Pinterest