МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС
(13 – 19 декември: Новата земја – прекрасен дом)
„И ми рече: ‘Напиши: Блажени се оние, кои се повикани на Јагнетовата свадба.’ Уште ми рече: ‘Овие се вистински Божји зборови!’“ (Откровение 19:9; Библија)
Брачната врска потврдена со венчање, често се користи и во Стариот и во Новиот Завет, за да се покаже блиското и светото единство кое што постои помеѓу Христа и Неговиот народ.
Набљудувајќи ја свадбената веселба, Христос во Своите мисли гледал на радоста и среќата на оној ден кога Тој, Својата заедница, како избрана невеста, ќе ја доведе во домот на Таткото, и кога искупените, заедно со Искупителот, ќе седнат на трпезата на вечера, на Јагнетовата свадба.
„И како што младоженецот ѝ се радува на невестата“, вели пророкот, „твојот Бог ќе ти се радува тебе.“ (Исаија 62:5; Библија) „Не ќе те нарекуваат веќе Оставена, ни твојата земја Запустена, туку ќе те викаат Моја Милина, а твојата земја – Венчана.“ (Исаија 62:4.5; Библија) „Тој ќе ти се радува тебе, полн со веселба, ќе ти биде милостив во Својата љубов, ќе воскликнува радосно над тебе.“ (Софонија 3:17; Библија)
Кога на апостол Јован му било дадено во визија да ја види небесната стварност, тој напишал: „И чув како глас од големо множество, и како шум на големи води, и како глас на силни громови, кои велат: Алелуја! зашто се зацари нашиот Господ – Бог – Семоќниот! Да се радуваме и да се веселиме и да Му воздадеме слава, зашто дојде Јагнетовата свадба и Неговата жена се приготви. Блажени се оние, кои се повикани на Јагнетовата свадба.“ (Откровение 19:6.7.9; Библија)
Во секоја душа Христос гледа кандидат на која што мора да ѝ се упати повик да дојде во Неговото Царство. Христовиот карактер треба да се огледа во Неговите следбеници. Тие треба на тој начин да Го слават Бога, осветлувајќи ја патеката до домот на Младоженецот, до Божјиот град и до Јагнетовата свадба.
По добивањето на Царството, Тој ќе дојде во сета Своја слава како „Цар над царевите и Господар над господарите” за спасение на искупените припадници на Својот народ, кои тогаш „ќе седнат на трпезата со Аврама, Исака и Јакова во небесното Царството“, (Матеј 8:11; Библија), за да земат учество во вечерата на Јагнетовата свадба.