МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(16 – 22 август: Како да бидам добар ближен)

„Бидете еден кон друг добри, милостиви, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости вам во Христа.“ (Ефесјаните 4:32; Библија)

Нека сочувството и милосрдието кои Христос ги покажувал во Својот живот ни бидат пример и нам како да постапуваме со своите ближни. Мнозина, кои низ тешките животни борби станале малодушни и обесхрабрени, еден благ и ведро изговорен збор може да ги охрабри и зајакне до победа. Ние не можеме ниту да замислиме колку далекусежни можат да бидат нашите зборови на сочувство и милосрдие, нашите христијански напори да ублажиме нечиј товар. Заблудените можат да бидат вратени на вистинскиот пат само со дух на кротост, благородност и нежна љубов.

Во сите свои деловни, трговски и вообичаени меѓучовечки односи со ближните никогаш немојте да заборавите како да постапувате со Божјата сопственост. Секогаш бидете многу љубезни, сочувствителни и учтиви, ценејќи ги луѓето како Божја откупена сопственост. Кон другите бидете нежни и учтиви.

Ако во своето срце сте гаеле непријателство, сомнеж, завист и љубомора, должни сте тоа да го исправите. Признајте ги своите гревови, и ускладете се со своите браќа. Зборувајте за нив добро. Отфрлете ја секоја неповолна претпоставка, секоја сугестија што би можела да пробуди недоверба во срцето и мислите на другите. Чувајте го нивниот углед исто така како што би сакале да го зачувате својот, љубете ги како што сакате Христос да ве љуби вас.

Божјата милост ги наведува луѓето во сите деловни и меѓучовечки односи лично да се стават во положбата на оние со кои постапуваат. Тоа ги наведува луѓето да не ги гледаат само личните интереси, туку и интересите на другите, да покажуваат нежност, сочувство и добрина. Да се биде сличен на Христа значи да се има Неговиот дух и да се живее свет живот.

Вашиот живот нека биде контролиран со начелата на библиска благородност, начелата на добра волја, благост и христијанска учтивост.

Pin It on Pinterest