МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(19 – 25 јули: Пријателска дружељубивост)

„Кој има пријател, треба да постапува пријателски.“ (Пословици 18:24; Библија)

Во насоките за воспитување на избраниот народ јасно е откриено дека потполн живот може да има само оној кому Бог му е средиште во животот. Кога Бог ќе всади во човековото срце некоја желба, Тој го овозможува и нејзиното природно задоволување; секоја способност што ја дава, Тој настојува и да ја развие.

Како зачетник на сѐ што е убаво, бидејќи и Сам го сака она што е убаво и пријатно, Бог се погрижил во своите деца да ја задоволи и љубовта кон убавината. Тој се погрижил и за нивните општествени потреби, за корисното дружење кое толку многу допринесува за развивање на меѓусебното разбирање, а животот го прави вреден.

Во редовите на Божјиот народ често премалку се негува христијанското другарување. Во меѓусебното дружење се склопуваат познанства што доведуваат до единствени срца и атмосфера на љубов, тоа во очите на небото претставува вистинско задоволство.

Секој може да си пронајде или да си создаде пријатели. И доколку тоа пријателство е подлабоко, дотолку ќе бидат посилни влијанијата коишто пријателите ги вршат еден на друг, било на добро или на зло. Секој има некои пријатели на коишто може да влијае, а исто така и тие возвратно влијаат врз него.

Таинствена и необјаснива е поврзаноста којашто ги спојува човечките срца, така што чувствата, вкусовите и животните планови на две личности се поистоветуваат скоро во сѐ. Подржувајќи се меѓусебно во манирите, погледот на животот и постапките, тие го попримаат истиот дух. Како што восокот го прима отпечатокот на печатот, така и умот ги задржива впечатоците примени од дружењето со другите. Влијанието на таквото дружење може да биде несвесно, но затоа пак не е ни малку послабо. Кога младите би бирале друштво на оние коишто се бојат од Господа, влијанието на таквите пријатели и познаници би ги уцврстувало во вистината, во должноста и во светоста. Вистинскиот христијански живот претставува сила на страната на доброто. Топлината на вистинското пријателство претставува прво мало доживување на небесните радости.

Pin It on Pinterest