МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(19 – 25 јули: Пријателска дружељубивост)

„Кој се стреми кон правдата и милоста, наоѓа живот, правда и чест.“ (Пословици 21:21; Библија)

Дружењето на друштвените состаноци може да биде многу корисно и поучно кога во срцето на оние коишто се собираат пламти Божјата љубов, кога тие се состануваат да ги разгледуваат методите за напредок на Неговото дело и да се залагаат за доброто на своите ближни. Кога Светиот Дух на таквите состаноци се смета за добредојден гостин, кога нема да се каже и нема да се направи ништо со што Тој би бил ожалостен или отстранет, таквите состаноци се на слава на Бога, а присутните духовно се јакнат и освежуваат.

Христос се радува кога мислите на младите се обземени со големите и возвишените теми за спасението. Во срцата на сите такви Тој доаѓа како постојан гостин, исполнувајќи ги со радост и спокојство. Оние, коишто поседуваат таква љубов, наоѓаат радост во разговорите за она што Бог го подготвил за сите оние коишто Го љубат.

Момчиња и девојки, немојте да мислите дека вашите забави, вашите вечерни излегувања, музицирање и приредби, на кои најмногу им се оддавате, дека се прифатливи за Христа.

Спрема светлината којашто повеќе пати ми беше повторувана, сите наши собири треба поодлучно да ги карактеризираат верски влијанија. Кога нашите млади би се собирале да ги читаат и проучуваат Светите Списи (Библијата), прашувајќи се: „Што треба да направам за да добијам вечен живот?“, и потоа ставајќи се потполно на страната на Вистината, Господ би го излеал Својот благослов во нивните срца.

Пораката на Божјата Реч, и за старите, и за младите, гласи: Нека божествената Вистина ви биде вткаена, и во срцето, и во душата. Нека вашата молитва секогаш биде: „О, Господи, сочувај ја мојата душа никогаш и со ништо да не Те обесчестам!“

Кога топлите зраци на Божјата љубов ќе ги осветлат мрачните одаи на душата, ќе исчезне уморот и незадоволството, радоста и задоволството ќе му дадат нова сила на умот, а на телото здравје и енергија.

Pin It on Pinterest