МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(20 – 26 декември: Активности во идниот живот)

„Та Бог на нашиот Господ Исус Христос, Таткото на славата, да ви даде дух на мудрост и откровение во вистинското познавање на Него.“ (Ефесјаните 1:17; Библија)

Науката за искупувањето е повозвишена од секоја друга наука, тоа е наука која што ја проучуваат ангелите и жителите на сите непаднати светови, наука која своето внимание го поклонува на нашиот Господ и Спасител, наука која  навлегува во намерите на Бесконечниот, „чувана во тишина со векови“, наука која искупените ќе ја проучуваат низ бескрајните времиња на вечноста. Тоа е највозвишената студија со која човечкиот ум може да се занимава. Таа го оживува умот и ја воздигнува душата повеќе отколку било која студија.     

Темата за искупувањето е една од оние тајни во која и ангелите сакаат да вникнат (1 Петрово 1:12; Библија), таа ќе ја претставува науката и песната на искупените низ бескрајните времиња на вечноста. Зарем тоа не е вредно со внимание и сериозност да се проучува уште овде?       

Тоа е навистина неисцрпна тема. Проучувањето за Христовото отелотворување, Неговите помирителни жртви и Неговите посреднички мисии ќе го интересираат умот на марливиот истражувач сè додека сè уште има време; набљудувајќи го небото во неговата бесконечност, тој ќе извика: „Навистина голема е тајната на побожноста.“     

Она што би можеле уште овде да го сфатиме, кога би можеле да го примиме просветлувањето кое е неопходно за тоа, ќе го сфатиме во вечноста. Со темата на искупувањето ќе се занимаваат и умот и јазикот на искупените низ бескрајните векови. Тогаш ќе се разберат вистините што Исус толку многу сакал да им ги открие на Своите ученици, но кои, поради недостаток на вера, не можеле да ги сфатат. Секогаш и секогаш, ќе се стекнуваат нови сознанија за Христовата совршеност и слава. Низ бескрајните времиња на вечноста, верниот Домаќин од Својата богата ризница ќе го изнесува и новото и старото.     

Бидејќи Бог е бесконечен и во Него се наоѓаат сите богатства на премудроста. Низ сета вечност ќе се истражува и учи, но богатството на Неговата мудрост, доброта и сила сепак ќе остане неисцрпно.

Pin It on Pinterest