МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(22 – 28 февруари: Излевање на Светиот Дух)

„А вие останете во градот, додека не се облечете во сила одозгора!“ (Лука 24:49; Библија)

Секоја вистински обратена душа длабоко копнее да ги доведе и другите од мракот на заблудата во чудесната светлина на Христовата правда. Големото излевање на Божјиот Дух, коешто ќе ја осветли целата земја со Неговата слава, нема да дојде сѐ додека не ќе имаме посветен народ, народ којшто од искуство знае шно значи да се соработува со Бога.

Кога ќе ѝ бидеме потполно, со цело срце, посветени на Христовата служба, Бог тој факт ќе го признае со излевање на Својот Дух без мерка, но тоа нема да се случи сѐ додека повеќето верници не соработуваат со Бога.

Бог не може да Го излее Својот Дух сѐ додека толку многу се покажува себичност и поведување по сопственото „јас“, додека преовладува дух којшто се покажал во Каиновиот одговор: „Зар сум јас чувар на својот брат?“

Кога срцата на верниците ќе горат од љубов кон Бога, тие секогаш ќе работат за Христа. Тие ќе ја покажуваат Христовата кротост, но и цврстина во намерата којашто ништо не ќе може да ја поколеба. Бог ќе употреби понизни луѓе во Своето дело, затоа што поголемиот дел од лозјето сѐ уште има потреба од работници.

Ветувањето за дарот на Светиот Дух не е ограничено на еден век или еден народ. Христос вели дека божествената сила на Светиот Дух ќе биде со Неговите следбеници сѐ до самиот крај. Од денот на Педесетница, па сѐ до денес, Утешителот им е упатуван на сите оние коишто потполно Му се посветиле на Господа во Неговата служба.

Колку што верниците биле во потесна заедница со Бога, толку појасно и посилно сведочеле за љубовта и спасоносната милост на својот Искупител.

Луѓето и жените, коишто во текот на долгите години на прогонства и искушенија биле потполно исполнети со силата на Светиот Дух, претставувале знак и чудо за светот. Тие, и пред луѓето, и пред ангелите ја откривале љубовта којашто преобразува и спасува.

Pin It on Pinterest