МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(23 – 29 август: Дефиниција на чистата вера)

„Дојдете благословени од Мојот Татко, и примете го во наследство Царството кое ви е приготвено од создавањето на светот! Зашто бев гол и ме облековте.“ (Матеј 25:34.36; Библија)

Христос на денот на судот на многумина ќе им рече: „Оној што беше гладен и жеден, бев Јас. Оној што доаѓаше како странец, бев Јас. Оној што беше болен и немоќен, бев Јас. И Оној заточеникот во затворот, бев Јас. Додека вие се насладувавте покрај својата раскошна трпеза, Јас гладував во колибата или на пустата улица. Кога на гладниот сиромав му подадовте парче леб како милостиња, кога му дадовте излижано одело за да го заштити од лутата зима, дали помисливте дека со тоа Му дадовте слава на Господа? Секој ден од вашиот живот Јас во лицата на тие бедници бев пред вашите очи, но не Ме ни погледнавте. Не го сакавте Моето друштво. Јас не ве познавам.“

Во т.н. христијански свет толку многу се троши на раскошно расфрлање, на скапоцени накити и надворешен сјај, со што би можеле да се задоволат потребите на сите гладни и необлечени по нашите градови, а при тоа, тие т.н. следбеници на кроткиот и понизен Исус, сепак да не бидат лишени од потребната храна или удобната облека. Што ќе кажат таквите членови на Црквата кога на судниот ден ќе се соочат со достојните сиромаси, вдовиците и сирачињата за кои знаеле дека оскудевале во основните животни потреби, додека тие трошеле големи суми на пари на непотребно облекување и непотребни украси, забранети во Божјата Реч, со кои можеле да ги задоволат сите свои и нивни потреби?

Во педесет и осмата глава на книгата на пророк Исаија јасно е изложено делото кое припадниците на Божјиот народ, според Христовиот налог би требало да го извршат. Тие треба да го искршат секој јарем, да ги нахранат гладните и да ги облечат необлечените. Применувајќи ги начелата на Божјиот Закон во делата на милост и љубов, тие правилно ќе го прикажат Божјиот карактер пред светот, и ќе примат најобилни благослови од небото.

Pin It on Pinterest