МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(19 – 25 јули: Пријателска дружељубивост)

„Како загинаа јунаците сред бојот, Јонатан загина на твоите височини! Жал ми е за тебе, брате, Јонатану! Колку многу ти ми беше мил! Твојата љубов ми беше уште почудесна од женската.“ (2 Самуилова 1:25.26; Библија)

Давидовото пријателство со Јонатан било резултат на Божјото провидување за да се сочува животот на идниот Израелев владетел.

Во тоа време, кога на Давидовата животна патека имало многу малку светли случувања, пријатно го изненадила неочекуваната посета на Јонатан, којшто успеал да дознае за местото на неговото прибежиште.

Моментите што заедно ги поминале овие двајца пријатели биле драгоцени. Си раскажувале за своите многубројни случувања, и Јонатан го храбрел Давида велејќи му: „Не бој се, зашто нема да те стигне раката на мојот татко Саул. Ти ќе царуваш над Израел, а јас ќе бидам втор до тебе; и мојот татко Саул го знае тоа добро.“ (1-ва Самоилова 23:17; Библија)

Тој разговор за чудесните Божји патишта многу го охрабрил прогонетиот бегалец. „И тие двајца склучија сојуз пред Господа. Давид остана во гората, а Јонатан си отиде во својот дом.“ (1-ва Самоилова 23:18; Библија)

Кога Јонатан си отишол, Давид ја јакнел својата душа со песни на благодарност кои биле следени со прекрасните звуци на неговата харфа.

Роден како наследник на престолот, Јонатан сепак знаел дека според божествената наредба треба да се повлече. Како најнежен и најверен пријател на својот сопатник, го изложил на опасност својот сопствен живот за да го заштити животот на Давид; непоколебливо стоел крај својот татко во текот на темните денови на опаѓање на неговата моќ, и на крајот загинал заедно со него – Јонатановото име посебно се цени на небото, а на земјата стои како сведок за постоењето и силата на несебичната љубов.

Поврзани со Христа, со златни алки споени во ланецот на љубовта, ние сме поврзани и со нашите ближни.

Pin It on Pinterest