МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(22 – 28 февруари: Излевање на Светиот Дух)

„Апостолите сведочеа многу силно за воскресението на Господа Исуса и голема благодат беше над сите нив.“ (Дела Ап. 4:33; Библија)

Каков бил резултатот од излевањето на Светиот Дух на денот на Педесетница? Илјадници души биле крстени во еден ден. Мечот на Духот, изострен со нова сила и следен од небесната светлина, го пробил патот низ темнината на неверието, совладувајќи ги сатанските сили и воздигнувајќи Го Господа Исуса како Оној Којшто има врховна власт.

Евангелието било проповедано по сите краишта на тогаш познатиот свет, а оние коишто го објавувале не се жалеле на никакви тешкотии и неволји. Срцата им биле исполнети со човекољубие, така искрено, така длабоко и така далекусежно што тоа ги приморало да одат до крајот на светот, сведочејќи силно и убедливо. „Боже, да не се фалиме или да воздигнуваме било што друго освен Господа нашиот Исус Христос.“ И додека тие продолжувале да го проповедаат Евангелието слушателите биле придобиени со силата на Светиот Дух. Црквата секојдневно освојувала нови области. Во секое место каде што стигнувале наоѓале нови души. Оние коишто биле најогорчени противници на вистината, сега станувале нејзини поборници.

Учениците чувствувале голем товар и грижа за спасението на душите. Евангелието требало да се однесе до најодалечените краеви на светот, и тие најискрено се молеле да бидат обдарени со силата којашто им ја ветил Христос. Тогаш Светиот Дух се излеал врз нив, и илјадници души се обратиле во еден едниствен ден. Така би можело да биде и сега. Наместо човечки претпоставки, треба да ја проповедаме Божјата Реч. Христијаните треба да ги отфрлат сите свои несогласувања и потполно да Му се предадат на Бога со цел да се спасат изгубените. Нека со вера го бараат ветениот благослов и тој ќе дојде.

Ревноста за Бога ги поттикнала учениците своето сведоштво во прилог на вистината да го објавуваат со голема сила. Зарем ваквата ревност не би требало да се разгори и во нашето срце за со одлучност да зборуваме за  Христа распнатиот и за Неговата спасоносна љубов?

Pin It on Pinterest