МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(26 – 31 јули: Рекреација и разонода)

„Никој од нас не живее за себеси и никој не умира за себеси.“ (Римјаните 14:7; Библија)

Младите најчесто се однесуваат така, како драгоцените часови на проверка, додека времето на милоста сѐ уште се продолжува, да претставуваат само еден голем празник, и како тие да се на овој свет само за да им се оддаваат на задоволствата, и од едно возбудување да запаѓаат во друго. Сатаната вложува најголеми напори за да ги наведе среќата да ја бараат во суетните забави и тоа да го оправдуваат докажувајќи дека тие задоволства не се опасни, па дури и дека се корисни за здравјето.

Желбата за возбуда, привлечните приредби и забави претставуваат искушение и замка за Божјиот народ, а особено за младите. Сатаната постојано изнаоѓа поводи со кои се обидува да го одврати умот од сериозната подготовка за настаните кои се пред нас. Со посредство на сите можни световни влијанија, тој постојано одржува возбудлива атмосфера за да ги наведе невнимателните да им се оддаваат на световните уживања. Тоа се приредбите, предавањата и најразновидните приеми кои се така направени за да предизвикаат љубов кон светот, а со таквата врска со светот верата неизбежно слабее.

Задоволствата на овој свет се обично лудување, и токму поради таквите моментални уживања мнозина ја жртвуваат наклоноста на небото и сите благодети на мирот, љубовта и радоста коишто таа ги нуди.

Христијаните имаат на располагање многу извори на радост и среќа, и тие со сигурност можат да кажат што претставува вистинско задоволство. Тие можат да уживаат во рекреација која не ја понижува душата, во рекреација која не донесува разочарување, болка поради уништеното самопочитување и препреки на патот на корисноста. Можат да бидат потполно сигурни само на такво место каде што може да биде и Христос со нив и каде што можат да одржуваат дух на молитва.

Имајќи го в предвид таквиот возвишен позив, нашите млади треба да се воздигнат над секое ропско понижувачка навика и добро да го одмерат секој свој чекор, имајќи секогаш на ум дека со тоа ги наведуваат и другите да тргнат по нив.

Pin It on Pinterest