МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(25 – 31 јануари: Семејното богослужение во мојот живот)

„И така, исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравете! Делотворната молитва на праведникот има голема сила.“ (Јаков 5:16; Библија)

Наложено ми е на нашиот народ најискрено да му ја нагласам неопходноста на верата во семејството. Членовите на семејството секогаш треба да бидат љубезни и внимателни едни кон други. Наутро и навечер, срцата на сите треба да бидат соединети во искрена молитва. Во текот на вечерната служба секој член на семејството треба да си го преиспита своето срце. Секоја направена грешка треба да се поправи. Ако во текот на денот кон некого е направена неправда или е изговорен некој неубав збор, престапникот треба да побара простување од оној кому му е нанесена навредата. Често навредите се паметат, а несогласувањата предизвикуваат болка во срцето, што не би требало да се случува. Кога на оној за кој што се мисли дека погрешил му се понуди шанса за помирување, тој можеби би дал објаснение коешто би донело олеснување кај сите членови на семејството.

„И така, исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг за да оздравете“ – да се исцелите од сите свои духовни слабости и немоќи, и да се ослободите од склоностите кон гревот. Работете ревносно за она што е вечно и непоминливо. Приближете Му се на Бога во вера со искрена молитва и пост. Не потпирајте се на телесната мишка, туку за водство секогаш обраќајте Му се на Господа. Нека секој за себе во молитвата рече: „Сакам во потполност да се одвојам од светот, и да Му служам на Господа со сето свое срце и со сета своја душа.“ Господ, Своето одобрување и Својата наклоност ќе им ја укаже на оние коишто сакаат да ги извршуваат Неговите заповеди. Живата Божја Реч, ако ја прифатиме со послушност, во нас ќе биде мирис на животот за живот. Со прифаќањето на вистината, грешното срце се менува.

Таквото чистење и облагородување на карактерот е лична задача на секој поединец, и не смее да се одлага. Со исповедање и молитва одлучете се цврсто за Господа, одсега и засекогаш. Ако сакате вашите молитви да бидат примени пред Бога немојте да го одложувате делото на исповедање и понизност на душата. Вистинската радост се наоѓа само во целосната потчинетост на Бога.

Pin It on Pinterest