МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(1 – 5 декември: Припрема за вечниот живот)

„Енох одеше со Бога, потоа исчезна; Бог го зеде.“  (Битие 5:24, Библија)

Бог ќе ги земе припадниците на Својата заедница на небото затоа што овде постојано живеат според Неговата волја, примајќи од небото сила и мудрост што ги оспособува да Му служат верно и вистинито. Бог на небото ќе ги земе оние кои сега Му се молат во понизност и скрушеност и чии што срца не се воздигнуваат во гордост и суета. Во своите меѓучовечки односи, и со верниците и со неверниците, тие Го претставуваат Христа.     

Оние кои што не наоѓаат задоволство во размислувањето и разговорите за Бога во овој живот, нема да го наследат идниот живот на новата земја, каде што Бог ќе биде секогаш присутен, пребивајќи меѓу Својот народ.    

Меѓутоа, оние кои што со драга волја мислат и зборуваат за Бога, тогаш ќе бидат во својот елемент и атмосферата на небото за нив ќе биде вистинско уживање. Оние кои што на земјата со драга волја размислуваат за небото ќе најдат среќа и вистинско задоволство во дружењето со неговите свети жители.    

Тие сега не полагаат право на овој свет и Бог ги запечатува како Свои. Небото ќе им припадне на оние кои го сакаат со сето срце и кои, за да го задобијат, вложуваат напори сразмерни на вредноста на целта кон која се стремат. Оние кои што се стремат да го задобијат небото размислуваат само за она што е небесно.   

„Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога!“ (Матеј 5:8, Библија) Енох тежнеел за чистота на своето срце цели триста години, за да биде во склад со небото. Три века одел со Бога. Од ден на ден тежнеел кон сѐ потесно единство и поврзаност со Бога; општењето станувало сѐ поблиско, сѐ додека Бог не го зел кај Себеси.

Тој уште овде стоел на самиот праг на вечниот свет, помеѓу него и земјата на благословите имало само еден чекор. И кога се отворила вратата, одењето со Бога, кое што така долго траело на земјата, продолжило и тој поминал низ вратата на Светиот Град како прв меѓу луѓето што влегол таму.

Pin It on Pinterest