МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(1 – 5 декември: Припрема за вечниот живот)

„Зашто живееме по верата, а не по гледањето.“ (2 Коринтјаните 5:7, Библија)    

Ние треба да живееме не за да се воздигнуваме себеси, туку како смирени Божји деца да правиме најмноу што можеме извршувајќи ја задачата која што Тој ни ја доверил. Наша задача е да оставиме добар впечаток на другите. Ние треба да се припремаме за вечноста, за горниот санаториум каде што Големиот Лекар ќе ја избрише секоја солза од секое око, каде што лисјата од дрвото на животот ќе служат за исцелување на народите.     

Нека секој од нас цврсто се фати со жива вера за Исуса Христа, одејќи во смиреност на умот. Тогаш Божјата благодат ќе се излева во нас и ќе го видиме Неговото спасение.

Уште овде ќе бидеме во друштво на светите, за да се сретнеме и поздравиме со нив во големата фамилија на искупените од сите времиња. Со своите раце ќе ги допираме жиците на златните харфи и небото ќе одѕвонува од милната музика. Ќе ги положуваме своите блескотни круни крај Христовите нозе, одавајќи Му ја сета благодарност и слава Нему, Кој победи во наша корист.     

Можеби има поединости и појави кои не можеме да ги разбереме. И во Светото Писмо има записи кои ни изгледаат таинствени затоа што се над можноста на нашето ограничено сфаќање. Но кога Спасителот ќе нѐ води покрај реката на жива вода, Тој ќе ни ги изостри нашите умни способности така што ќе го разбереме и она што порано не сме можеле да го разбереме.     

Додека размислувам за идната слава на небото, ме обзема силна желба секоја душа да разбере што е можно повеќе за тоа. Јас сакам цврсто да се држам за Христа како моќен Исцелител.  

Многу е важно, па дури и пресудно за секој од нас, дали се бориме за небесното или пак исклучиво за овоземското богатство. Овоземското наскоро целото ќе пропадне. Сите земски богатства денес нагло пропаѓаат. Земјотреси, немири и секакви потешкотии се среќаваат на сите страни и на секој чекор. Меѓутоа, секој од нас има предност да стане член на небесната фамилија и дете на Небесниот Цар, но за тоа секогаш треба да се припремаме во вера и молитва.

Pin It on Pinterest