МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(25 – 31 јануари: Семејното богослужение во мојот живот)

„А ти остани во она што си го научил и во што си убеден, зашто знаеш од кого си го научил и зашто од детството ги познаваш Светите Писма, кои можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса.“ (2 Тимотеј 3:14.15; Библија)

Сите коишто Го исповедаат Христовото име не треба да го запостават подигањето на семејниот олтар, каде што секој ден можат да ги воздигаат своите молитви кон Бога со истата искреност како што тоа би го направиле и на верските состаноци.

Драгоцени поуки во поглед на ова можеме да извлечеме од животот и карактерот на Тимотеј. Тимотеј уште од своето детство ги познавал Светите Списи. Атмосферата во неговиот дом била исполнета со побожност и вера. Побожноста во неговиот семеен живот била навистина чиста, одгледувана совесно и неизопачена од лажните претстави. Божјата Реч била правило, „заповест по заповест, овде малку, онде малку“. Духовната сила на тие поуки го одржала чист во говорот и слободен од сите изопачени влијанија. Неговите воспитувачи соработувале со Бога обучувајќи го ова момче за носење на товарот што требало да го земе уште од својата рана младост. Библиските поуки, кога се спроведуваат во практичниот живот, имаат морално и верско влијание на карактерот. Тимотеј ги научил и практично ги применувал тие поуки. Тој не бил обдарен со некои посебно истакнати таленти, но неговата работа била од голема корист, затоа што својата способност од Бога дадена ја употребил како посветен дар во службата за Бога. Неговото добро познавање на вистината и побожноста покажана на дело му дале голем углед и влијание. Господ во Тимотеја пронашол ум којшто сакал да се обликува и изградува за да стане храм во којшто можел да пребива Светиот Дух. Младите треба вистински да се оддадат на проучување на Светите Списи така што на тој начин стекнатите поуки да можат едноставно да им се вткаат во нивните секојдневни мисли и практичен живот. Тогаш ќе поседуваат својства кои ќе ги вбројат меѓу највозвишените во небесните дворови. Своето „јас“ тие ќе го сокријат во Бога, а со својот живот ќе Му служат на Негова слава.

Pin It on Pinterest