МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС
(1 – 14 февруари: Дарови на Светиот Дух)
„Та Бог на нашиот Господ Исус Христос, Таткото на славата, да ви даде дух на мудрост и откровение во вистинското познавање на Него: и да ги избистри очите на вашето срце, за да знаете каква е надежта на неговото повикување, колкаво е богатството на Неговото славно наследство на светите.“ (Ефесјаните 1:17.18; Библија)
За обновениот ум под влијание на Светиот Дух, небесната светлина и божествената убавина блескаат од секоја страница на Светите Списи. Така што она што за земски настроениот ум е само бесплодна пустина, за духовно насочениот ум е земја на живи извори.
Само Светиот Дух може да ни помогне да го сфатиме значењето на лесно разбирливите стихови, и да нѐ сочува да не ги извртуваме на своја погибел тешко разбирливите вистини.
Со помошта на небесните ангели, срцето така се припрема за примање на Божјата Реч и нејзино разбирање, што сме одушевени од нејзината убавина, предупредени од нејзините опомени, охрабрени и зајакнати од нејзините ветувања. Молитвата на псалмистот: „Отвори ги моите очи, да ја видам чудесноста на Твојот закон“, треба секогаш при проучувањето на Божјата Реч да биде и наша молитва.
Во Неговата Реч може да се најде воспитната сила и влијанието на Светиот Дух. Секогаш нова и драгоцена светлина блеска од секоја нејзина страница. Тука се открива вистината, а зборовите и изреките се дадени така јасно и прикладно за одредени прилики, како Божји глас којшто токму ним им говори.
Ние треба да ја признаеме и доследно да ја цениме улогата на Светиот Дух како на наш просветител. Тој Дух со задоволство им се обраќа на децата и младите и им ги открива богатствата на напишаната Божја Реч.
Ветувањата што ги кажал Големиот Учител ги пленат чувствата на децата и детската душа ја вдахнуваат со духовна сила којашто е со божествено потекло. Таквото запознавање со божественото расте во приемчивата душа на детето и станува како барикада против сатанските лукаво смислени искушенија. Искрите на божествената љубов допираат до срцето на душите и младите, и делуваат инспиративно на нив.