(Победа над депресијата – седмо поглавје)
Пациентите просто се редеа еден по друг. Прво влезе Џун, жена во шеесеттите години, која изгледаше многу помладо од своите вистински години. Таа меѓу другото, била загрижена за својата долготрајна употреба на лекот Ксанакс (Xanax), лек против загриженост кој се издава со лекарски рецепт. Пред дванаесет години, нејзиниот лекар кај неа дијагностицирал ментално пореметување кое се вика-панично пореметување, и од тогаш таа секој ден пие Ксанакс три пати дневно.
Безброј пати се обидела да се ослободи од зависноста од овој лек. Секој пат ѝ се случувала истата работа. Симтомите на одвикнување, вклучувајќи ја тука и исклучителната загриженост, ја враќале кон поранешниот режим на употреба на лекот. Џун на крај дошла до заклучок дека никогаш нема да може да се ослободи од зависноста од тој лек.
Потоа влезе Ралф, млад човек на возраст од околу 35 години. Ралф веќе долго време имал психолошки проблеми во кои спаѓала и загриженоста. Еден од многуте лекови кои ги земал бил и Ativan, уште еден лек за лекување на загриженост, сроден на Ксанаксот. Ралф беше во недоумица дали треба да зема Ativan или да се одлучи за нешто поблаго – можеби и некој вид на лекување кој не подразбира употреба на синтетички лекови.
На крајот дојде Боб, активен деловен човек во своите педесетти години. Боб изгледа беше навистина загрижен поради стресот кој доаѓа со брзото темпо на неговиот живот. Ме запраша: „Докторе, кој лек го препорачувате за стрес?“
Овие три пациенти кои поминаа низ мојата ординација не се осамени случаи. Приказни како нивните може секојдневно да се слушнат во лекарските ординации низ САД.
Зошто стресот е толку загрижувачка појава? Зошто луѓето се спремни да трошат пари на лекови, одминувајќи го долгиот пат до лекарските ординации, и ризикувајќи да станат зависни од лековите против стрес и загриженост?
Стресот може да биде едноставна привремена реакција на некое неочекувано случување во животот. На пример, возачот кој ви го пресекол патот при возењето минатата недела допринел до тоа да во тој момент бидете под поголем стрес. Но веројатно за тоа нема да се нервирате по една седмица од настанот. Меѓутоа кај некои луѓе, стресот и загриженоста може да прераснат во траен проблем.
Кога во есен, 1996 година, владата на САД започнала една активност под името: Програм за едукација за пореметувањата на загриженост (Anxiety Disorders Education Program), Националниот институт за ментално здравје (National Institute of Mental Health) ја потсетил американската нација дека моментално околу 16% од возрасните Американци под 54 годишна возраст1,2,3 (или повеќе од 19 милиони Американци) боледуваат од некој облик на загриженост. Постојат повеќе облици на ова пореметување. Подоцна во ова поглавје ќе се позанимаваме со различните видови на пореметувања на загриженост и ќе ги одредиме нивните карактеристики.
Пред да обрнеме внимание на пореметувањето на загриженост, да го разгледаме прво стресот. Тоа се две различни, но како што ќе видиме – меѓусебно поврзани ментални состојби.
Во продолжение на оваа статија следуваат поднасловите од седмото поглавје. Со кликање на секој од тие поднаслови ќе ви се прикаже текстот кој се содржи во нив.
Што е тоа стрес?
Стрес е нашата реакција на проблемите и грижите на кои наидуваме во животот. Проблемите поврзани со исполнување на одредени временски рокови, финансиски или семејни проблеми, може да предизвикаат стрес. Овие проблеми се нарекуваат стресори, а нашата реакција на нив се нарекува стрес. Поедноставно кажано, стресор е акцијата, а стрес е вашата реакција, како што е прикажано во табела 1.
Притисоци од надвор – стресори
Стресот е вашата реакција на стресорите
Сите ние имаме некакви стресори во нашиот живот. Вообичаените стресори се прикажани во табела 2.
-Преоптовареност со работа
-Нечија смрт
-Големи промени во животот
-Финансии-долгови
Можеби ситуацијата ќе ви биде многу појасна кога самите ќе ги одредите стресорите во својот живот. Тоа може да биде првиот чекор во решавање на проблемите на стрес кои можеби безуспешно сте се обидувале да ги решите, било свесно или потсвесно. За да бидете успешен борец, морате прво добро да го познавате својот непријател. Најуспешните стратегии во борбата против стресот често вклучуваат сосредоточување на одредени стресори кои ве напаѓаат. Кога се во прашање некои недефинирани стресори, подоцна ќе ви објаснам многу корисни техники како што се длабоко дишење, медитација, и физички вежби.
Стресот е оптоварување
Кај повеќето мои пациенти, воопшто не е потребно јас да им го кажам она што очигледно можат да го сфатат, а тоа е дека на мнозина стресот им претставува сè поголемо оптоварување. Нивото на стрес е сè поголемо во повеќето друштвени подгрупи во западната хемисфера, и ги погодува сите старосни групи во повеќето, ако не и во сите развиени земји.5,6 Иронично е тоа што оние кои требаше да ни помогнат да ги решиме проблемите поврзани со стрес, и самите се заплеткаа во лепливата мрежа на стресот. Едно неодамна објавено истражување покажало дека во споредба со другите стручњаци, здравствените работници изгледа се изложени на најмногу стрес, депресија и загриженост како на работното место така и надвор од него.7
Повеќето луѓе на Западот исто така се потполно свесни дека се оптоварени со стрес, а огромен број на научни факти само потврдуваат дека стресот е сè позачестена појава и дека некои од нас се соочуваат со поголем товар отколку што се во состојба да поднесат. Без разлика дали ни се допаѓа тоа или не, за повеќето од нас, стресот и загриженоста претставуваат составен дел од секојдневниот живот. И без оглед на тоа дали пократко или подолго се бориме со загриженоста, она што се нарекува „реакција на стрес“ одредува како стресот на крај ќе делува на нас. Ајде да одвоиме малку време и да се обидеме подобро да сфатиме како стресот може да допринесе за развој на загриженоста како и да предизвика драстични физички и ментални промени.
Три фази на реакцијата на стрес
Реакцијата на нашиот организам на стрес е еден внимателно организиран процес чија цел е да ни помогне да се ослободиме од опасните околности. Неочекуваната реакција на стрес може да се опише како реакција од типот „борба или бегство“, осмислена да ни помогне да опстанеме во случаи на непосредна опасност. Бидејќи хемиските супстанци во нашиот организам играат главна улога во случајот на депресија, тие исто така влијаат и на нашата реакција на стрес. Да погледнеме пример на една вистински стресна ситуација во животот и начинот на кој човековиот организам реагира на стрес.
Селена во една прилика долго останала во канцеларијата. Таа ноќ, кога конечно тргнала кон дома, во сообраќајот имало голем метеж. Било напорно да се вози. Таа била уморна и морала просто да се бори со сонот.
По половина час возење, Селена воздивнала со олеснување кога се паркирала покрај куќата. Додека се движела кон влезната врата, скоро воопшто и не приметила дека животното што стои во близина не е мачката на соседите, но кога слушнала длабоко ржење, сфатила дека не е во прашање обичен домашен миленик. Почнала да размислува со брзина на молња. Се сетила на предупредувањето кое неодамна го чула- дека бесен рис смело шетал по околината. Нејзиното срце автоматски почнало побрзо да чука и нејзиниот исцрпен организам одненадеж оживеал и добил нова сила. Потрчала кон скалите и влегла во куќата во дел од секундата.
Реакцијата на организмот на некоја стресна ситуација како оваа, е осмислена така да биде интензивна, но привремена. Во една навистина напната ситуација како што била оваа, влијанието на хормоните на стрес е главно позитивно, бидејќи тие го оспособуваат организмот да се снајде во вонредни ситуации кога треба брзо да се реагира.
Пионирот во областа на стресот, Др. Ханс Сели (Hans Selye), вели дека нашата прва реакција на некое случување како ова кое Селена го доживеала претставува прва фаза на реакција на настан кој предизвикува стрес. Тој објаснува дека нашата реакција не зависи од природата на стресорот. Постои една слична реакција која се јавува како реакција на сите типови на стресори.8 Реакцијата на една личност на некој нов стресор е предвидлива и прогресивна и минува низ три фази, како што е прикажано во табела 3.9
Фаза 1: Реакција на узбуна
Фаза 2: Давање отпор
Фаза 3: Состојба на исцрпеност
Првата фаза е реакција на узбуна. Кога Селена го слушнала ржењето на рисот, нејзиниот организам се подготвил за одбрана, а тоа била реакција на узбуна. Во другата фаза – фаза на давање на отпор, Селена морала брзо да одлучи како ќе се заштити. Морала да одлучи дали ќе се бори против рисот или ќе побегне, што би било реакција од типот „бори се или бегај“. Таа одлучила да побегне.
Кога се во прашање други предизвикувачи на стрес, како што е стрес на работа, брачни проблеми, финансиски потешкотии или стотина други стресори, таквиот стрес не мора да биде краткотраен и привремен. Ние сме вообичаено изложени на стресори кои остануваат присутни во нашата средина со денови, седмици, месеци и дури и подолго. Кога ова ќе се случи, на крај може да се премине во фаза 3-стадиум на исцрпеност.
Кога ќе настапи оваа фаза, ако стресорите и понатаму продолжат да делуваат, болеста или дури и смртта можат да бидат неизбежни. Постојат класични примери кога луѓето умирале од срцев удар при соочување со некој сериозен стрес. За оние кои имаат слабо срце, рисот или некои други неочекувани стресори можат да бидат доволно интензивни за да предизвикаат моментална смрт. Сепак повеќето луѓе се способни да се изборат со стресорите- барем во извесна мера.
Физички промени предизвикани од стресот
Еден неочекуван стресор предизвикува неколку физички промени во организмот. Тие се наведени во табела 4.10
-Покачен крвен притисок
-Забрзана работа на срцето
-Забрзани контракции на срцето
-Проширени зеници
-Проширени бронхии
-Зголемена мускулна сила
-Ослободување на гликоза од црниот дроб
-Зголемена ментална активност
-Забрзан метаболизам
-Зголемен доток на крв во активните мускули
-Намален доток на крв во оние делови на телото кои не се неопходни за брза реакција, како што се бубрежниот и цревниот тракт.
Зголемената мускулна сила очигледно во голема мера и помогнала на Селена брзо да побегне од рисот. Што довело до тоа зголемување? Потребно е да се случат пет неочекувани промени во нејзините телесни функции за тоа зголемување на мускулната сила да настане. Овие промени се наведени во табела 5.
-Забрзан пулс
-Посилни отчукувања на срцето
-Покачен крвен притисок
-Покачено ниво на шеќер во крвта
-Зголемен доток на крв во активните мускули
Овие пет фактори допринесуваат за зголемување на енергијата во крвта која оди до активните мускули.
Кои телесни процеси го предизвикале ова зголемување? Тие претставуваат последица на работата на неколку жлезди кои лачеле зголемени количини на хормони на стрес. Овие зголемувања од своја страна се предизвикани од сигналите кои се последица на реакциите на нервниот систем на присуство на стресори. Гледаме дека електричните сигнали од нервниот систем поттикнуваат одредени жлезди да лачат поголеми количини на хормони, што пак ја зголемува енергијата и крвотокот, давајќи им на мускулите додатна сила која им е потребна за да може човекот да побегне од опасноста. Сèто тоа се случува во рок од неколку секунди.
Уште една промена која настанува во крвта е зголемената тенденција кон згрутчување на крвните тромбоцити. Ако Селена била ранета во борбата со рисот, оваа промена би ѝ помогнала во тоа губитокот на крв да биде минимален. Овој сложен систем на човековиот организам на чудесен начин ви го спасува животот во такви непредвидливи ситуации.
Константен наспроти неочекуван стрес
Да ги разгледаме сега константните стресори во животот за разлика од оној неочекуваниот, моментален стрес. Моменталните и краткотрајните промени сега стануваат трајни. Тие промени сега ја претвораат предноста во склоност и можат да бидат многу штетни за нашето здравје.
Иронично е, но и точно дека зголемената работа на нервниот систем и зголеменото лачење на хормони кои нас можат да не заштитат кога стресорот прв пат ќе се појави, ги претставуваат оние исти промени кои на крај можат да не уништат кога ќе се соочиме со траен и упорен стрес. Нашиот систем за стрес е осмислен така, за да ни помогне да се избориме со неочекуваните краткотрајни ситуации. Тој не е создаден за да биде непрестано активен кога ќе се соочи со упорни стресори. Овие факти им одат во прилог на мудрите совети кои ги наоѓаме во Библијата, како овој: „Сонцето да не зајде во вашиот гнев“.11 Било да е во прашање лутина или некој друг стресор, за нас е најдобро да се соочиме со нив и да ги решиме што е можно побрзо.
Постојаниот и упорен стрес може да му наштети на вашиот организам на многу начини. Да го погледнеме на пример дијабетесот. Американците се соочуваат со вистинска епидемија на дијабетес – 800000 нови случаи секоја година! Цената која се плаќа во вид на ампутации, оштетувања на бубрезите, срцеви и мозочни удари и слепило е застрашувачки висока.12 За оние кои имаат дијабетес или се изложени на дејство на факторите на ризик за оваа болест, константна активност на хормоните на стрес може да биде погубна поради пореметувањето на нивото на шеќер во крвта.
Да погледнеме уште еден пример – болест на крвните садови. Стимулацијата која ја врши константниот стрес не мора да биде пратена и со зголемен доток на крвта поради стеснување на артериите. Последицата на тоа може да биде срцев или мозочен удар. Освен тоа, зголемен крвен притисок предизвикан од константно делување на стресори може да има многу штетни па дури и фатални последици. Зголемената склоност кон згрутчување на крвта секако не е здрава, а може да биде и навистина опасна кога личноста има и болни атерии. Не би било посакувано таквата состојба да трае и по поминувањето на стресната ситуација.
Негативно влијание на хормонот кортизол
Како што е кажано од порано, зголеменото ниво на некои хормони во крвта не штити при неочекувани стресови. Еден од тие хормони е кортизолот. Меѓутоа, константно високо ниво на кортизол предизвикано од хроничниот прекумерен стрес може да му наштети на вашиот организам и во физичка и во психолошка смисла. Листата на штетните последици поврзани за функциите на мозокот се наоѓа во табела 6.13,14,15,16,17,18,19
- Ментална конфузија
- Опсесивно компулсивно пореметување
- Анорексија (одбивност кон храна)
- Депресија
- Панична загриженост
- Нарушено памтење
- Намалување на мозокот
Нарушеното памтење, под реден број 6, се однесува на вербалната декларативна меморија (памтење на имиња, телефонски броеви итн). До слично оштетување на меморијата може да дојде кај лица кои користат лекови од типот на Кортизон.20 Добар пример за тоа се децата кои земаат Преднизон за астма.21
Реден број 7, намалување на површината на мозокот, може да биде последица на долготрајно зголемување на нивото на кортизол. Ова е навистина важно за постарите лица, или дури и оние млади кои можеби приметуваат дека нивниот ум ја губи острината. Ефикасните стратегии за управување со стресот без супстанци на база на кортизол можат да го успорат процесот на слабеење на памтењето.22
Високото ниво на кортизол е штетно за организмот и на некои други начини. Некои од нив се наведени во табела 7.23,24,25,26,27,28,29,30
- Чир на органите за варење
- Висок крвен притисок
- Неухранетост
- Хронично активен алкохолизам
- Намалено либидо
- Отпор кон одвикнување од алкохол и од наркотици
- Нарушен имун систем
Под реден број 7 на оваа табела е прикажано нарушувањето на имуниот систем. Покаченото ниво на кортизол во крвта има тенденција да го ослаби имуниот систем на два начина. Прво, тој го зголемува нивото на шеќер во крвта, за што се знае дека негативно влијае на имуниот систем.31 Второ, кортизолот сам по себе ја намалува способноста на одредени бели крвни клетки да ги убиваат бактериите.
Едно истражување поврзано со имуниот систем покажало дека покачено ниво на кортизол во крвта го намалува времето на преживување на жените во поодминат стадиум на рак на дојка. Овие жени имале и помал број, а и послаби клетки-природни убијци, во крвта, па нивната одбрана против ракот била нарушена.32
Во едно класично истражување кое ги опфатило студентите на медицина се покажало дека стресот при полагање на испитите донекаде го намалил бројот на бели крвни клетки во крвотокот.33 Кога некој стресор е присутен со денови или недели, како и кога е во прашање смрт на некоја блиска и сакана личност, оптоварениот имун систем може да биде поподложен на инфективни болести или рак.
Уште едно интересно истражување поврзано за имуниот систем опфатило две групи на работници кои го промениле своето работно место. Првата група доброволно ја напуштила својата досегашна работа и пронашла нова работа. Оние во втората група биле отпуштени од работа како технолошки вишок, па биле принудени да бараат некоја друга работа, што било навистина стресно искуство. Се покажало дека втората група била изложена на поголем ризик од рак на белите дробови34 Едно е јасно – константниот стрес остава сериозни последици на нашиот имун систем. Ракот е вообичаено присутен со месеци или години пред да се постави дијагнозата. Значи, имуниуот систем ослабен со константен стрес го зголемува ризикот од сериозни проблеми многу време пред ракот да биде дијагностициран.
Стресот го зголемува ризикот од срцев и од мозочен удар
Постојат многу студии кои укажуваат на тесната врска помеѓу стресот и затнувањето на артериите. Срцевиот удар е и понатаму главна причина за смрт. Сè подеталните познавања на неговата поврзаност со стресот не можат да се игнорираат. Тоа важи и за оние кои никогаш немале проблеми со срцето и за лицата кои веќе боледуваат од денес познатите срцеви болести. Доказите укажуваат дека стресот не само што може да го зголеми ризикот од срцевиот удар, туку и дека нелекуваниот стрес може да доведе до многу полоши последици во периодот по срцевиот удар.35 Неколку студии кои го покажуваат постоењето на таа врска се наведени во табела 8.36
Студија Универзитет Дјук Откритие Секојдневните негативни емоции го зголемуваат ризикот од намален доток на крв во срцевиот мускул. Позитивните емоции го намалуваат тој ризик.
Студија Универзитет Дјук Откритие Со подучување на лицата болни од срцеви болести, како да управуваат со стресот се намалува зачестеноста на затнување на артериите.
Студија Холандски истражувачи Откритие Со подучување на лицата болни од срцеви болести, како да управуваат со стресот позитивно се влијае на крвниот притисок, холестеролот, телесната маса, одвикнување од пушење, физички вежби и навики во исхраната.
Студија Др. Т. Кармарк Откритие Најголемото зголемување на крвниот притисок предизвикано од стрес покажало и најголем степен на затнување на каротидните артерии.
Истражувачите од универзитетот Дјук (Duke University) проучиле 132 пациенти со срцев удар. Се покажало дека вообичаените секојдневни негативни емоции, како што се напнатост, тага и фрустрираност, двократно или трикратно го зголемуваат ризикот од забележливо намален доток на крв во срцевиот мускул.
Исто така се забележало дека позитивните емоции, како среќа и спокојство го намалуваат ризикот од намалување на дотокот на крв во срцевиот мускул. Истражувачите од Дјук Универзитетот, покажале дека дури и вообичаените, и не така големи стресови можат да го намалат дотокот на крв во срцето.
Како што е прикажано во табела 8, програмите кои ги учат болните од срцеви болести како да управуваат со стресот можат да ја намалат зачестеноста на затнување на артериите. Др. Џејмс Блументал од универзитетот Дјук во Северна Каролина и неговите колеги од останатите универзитети и други медицински институции, проучувале група на пациенти кои имаат заболување на коронарните артерии (CAD- coronary artery disease), и го забележувале затнувањето на артериите во текот на тестирањата на стрес. Пациентите кои биле подучувани како да управуваат со стресот имале далеку помалку срцеви тегоби отколку оние кои не ја следеле таа програма. Др. Блументал дошол до заклучок дека упатствата за управување со стресот претставуваат многу важен дел од заздравувањето по срцев удар, подобрувајќи ја здравствената состојба на пациентите и продолжувајќи го нивниот живот.
Холандските истражувачи од табела 8 анализирале 37 студии кои се занимавале со испитување на програми за постинфарктна рехабилитација кои вклучувале и упатства за намалување на стресот. Откриле дека овие програми позитивно влијаат на крвниот притисок, холестеролот, телесната маса, одвикнување од пушење, физички вежби и навики во исхраната, дека влијаат на намалување на смртноста од срцев удар за 34%, и на намалување на зачестеноста на повторното добивање на инфаркт за 29%.
Кога е во прашање мозочен удар, текот на болеста која доведува до удар е многу слична на срцевиот удар. И во едниот и во другиот случај, има затнување на крвните садови кои носат крв до виталните орагни. Како што и можеше да се очекува, стресот го зголемува ризикот од мозочен удар.37 Во една група мажи од финска националност, на возраст од 42 до 60 години, оние на кои поради стресот најмногу ќе им се покачи крвниот притисок имале најголем степен на затнување на каротидните артерии.38 Студиите во кои стресот се поврзува со затнувањето на вратните артерии укажува на тоа дека затнувањето на крвните садови не го зголемува само ризикот од мозочен удар туку и од други болести. Се смета дека таквото затнување го покажува степенот на затнување во целиот организам, вклучувајќи ги тука и артериите кои го снабдуваат срцето и останатите витални делови на организмот.
Едно истражување објавено на Универзитетот во Охајо (Ohio State University) укажува на тоа дека неочекуваните стресори не влијаат на секој човек подеднакво. Истражувачите во ова истражување лажно ги обвиниле испитаниците за кражба во продавница, а потоа им дале пет минути за да кажат нешто во своја одбрана.39 Стресорот бил со ист интензитет за сите учесници. Сите знаеле дека нивната одбрана е снимена со видео-камера и подоцна се проценува. Кај оние учесници во чие семејство веќе имало случаи на срцев напад, дошло до зголемување на вкупниот и на LDL холестеролот (два фактори на ризик за срцев удар) како реакција на ова стресно искуство.
Изненадниот ментален стрес не само што го зголемува бројот на фактори на ризик за срцев удар, како што се крвниот притисок и холестеролот, туку го зголемува и ризикот од опасни и дури и смртоносни проблеми со срцевиот ритам. Истражувањето изведено на Универзитетот Јеил (Yale University) покажало дека меѓу предиспонираните лица, стресните емоции можат да предизвикаат одредени потенцијално фатални проблеми со срцевиот ритам.40
Кога ќе се спореди влијанието на изненадниот ментален стрес со последиците кои оставаат хроничен или константен стрес, се доаѓа до заклучок дека хроничниот стрес погубно делува и на здравјето на вашето срце. Како што и порано е споменато во врска со ракот на белите дробови, многу истражувања покажуваат дека човекот, кога не може да влијае на својата работа, е изложен на хроничен стрес. Овој предвесник на хроничниот стрес влијае и на здравјето на срцето. Едно истражување кое ги вклучувало и вработените во Британската влада покажало дека кај оние кои се чувствувале како да не можат скоро ниту малку да влијаат на својата работа, е намалено нивото на корисниот HDL холестерол кој го штити срцето. Некои истражувачи сметаат дека хормоните како адреналинот и кортизолот можеби директно влијаат на пореметувањето во концентрацијата на холестерол кој настанува како последица на стресот.41
Како и во случајот на неочекуван стрес, намаленото ниво на HDL холестерол не е единствено пореметување поврзано за холестеролот а настанато како последица на хроничниот стрес. Под влијание на константните стресови доаѓа до зголемување на вкупниот холестерол. Истражувачите покажале дека кај лица во чие семејство веќе имало случаи на срцев удар постои поголема можност дека тие на стресот ќе реагираат со зголемено ниво на холестерол.
Испитавме некои од доказите кои го поврзуваат стресот со слабеењето на имуниот систем, ризикот од рак и срцев удар. Меѓутоа, постојат многу други здравствени проблеми кои можат да настанат како последица на стресот и неговото негативно влијание на имуниот систем, што е прикажано во табела 9.
– Херпес
– Астма
– HIV преминување во сида
– Егзема
– Псоријаза
– Синдром на иритабилни црева
– Репродуктивно здравје
– Скршеница на колкот
Секоја од овие болести треба подетално да се разгледа. Прва болест на листата е херпес.
Стресот и херпесот
Кога некој ќе дојде во допир со вирусот херпес, овој вирус засекогаш се населува во нервниот систем на инфицираната личност. Долготрајното изложување на стрес може да го зголеми ризикот од избивање на оваа болна генитална болест. Во едно шестмесечно истражување, истражувачите во Сан Франциско проучувале 58 жени на возраст помеѓу 20 и 44 години, при што кај сите нив порано се случувало да им се појави генитален херпес.42 Изразената загриженост и константниот стрес “го потпомагаат“ повторното појавување на херпес. Интересно е тоа дека истражувачите не пронашле никаква врска помеѓу херпесот и краткотрајните стресни искуства.
Стресот и астмата
Другата болест на листата е астмата. Стресот може да поттикне напади на астма; и тоа ниту малку не нè изненадува ако ги погледнеме познатите фактори на ризик кои се поврзуваат со ова пореметување. Оние кои живеат во сиромаштво се наоѓаат во поголема опасност да добијат астма. Освен тоа, оние кои имаат семејни проблеми (вклучувајќи го тука и губитокот на работата или смрт на блиска и сакана личност), проблеми со алкохолизмот, кои патат од депресија и не се во состојба да излезат на крај со финансиските потешкотии, исто така претставуваат високоризична група.43
Јасно е дека астмата е нешто повеќе од чисто наследна болест. Идентичните близнаци се вистинскиот пример за тоа. Кога еден близнак има астма, само во околу 20% од случаите и другиот близнак ја има оваа болест. Стресните настани кои ги пријавуваат родителите, потешкотиите поврзани со родителството, како и незадоволството во бракот – сè ова е поврзано со развојот на астмата во раното детство.44
Преглед на медицински истражувања покажал дека еден пациент може да добие напад на астма кога се обидува да задржи во себе силни емоции како агресивност и страв. Во исто време, откриено е и дека ситуацијата кај некои астматичари се поправа кога ќе се поправат и пореметените друштвени односи.45 Овие и некои други докази, јасно укажуваат на тоа дека константното присуство на стресори може во голема мера да допринесе за развој на астма како и да ја влоши ситуацијата во случај да постои болест.
Стресот може да го зголеми ризикот од преминување на HIV во сида
Видовме дека стресот може да ја влоши здравствената состојба во случај на срцев и мозочен удар, рак, генитален херпес и астма така што го нарушува имуниот систем. Меѓутоа кога зборуваме за болести поврзани со ослабен имун систем, не може да не се спомене HIV (human imunodeficiency virus). Едно неодамна објавено истражување се занимавало со проучување на пациенти заразени со HIV вирусот, од кои некои биле изложени на стресори кои биле посилни од вообичаените- секојдневни со кои сите ние се соочуваме. Кај оние кои биле изложени на најсилни стресори забележано е драстично намалување на бројот на бели крвни клетки.46 Ова истражување ни дава докази кои укажуваат на тоа дека стресот може да го зголеми ризикот од развој на HIV во сида (AIDS). Добрата вест е дека истражувачите не пронашле никаква врска помеѓу секојдневните стресори и развојот на сида.
Стрес, егзема и псоријаза
Истражувачите од Тафтс Медицинскиот факултет во Бостон (Boston’s Tufts School of Medicine) откриле дека зголеменото ниво на хормонот наречен CRH може да биде последица на стрес. Овој хормон стимулира одредени групи на бели крвни клетки во организмот.47 Овие клетки допринесуваат за влошување на алергии на кожата како што се егземата и псоријазата.
Стресот и дигестијата (варењето)
Британските истражувачи неодамна изјавиле дека постои врска помеѓу стресот и честата состојба на цревата која се нарекува синдром на иритабилни црева (иритабилен колон). Таа состојба вклучува различни потешкотии како што се болка во стомакот, надуеност, дијареа или запек (констипација). Неверојатните податоци до кои овие истражувачи дошле покажуваат дека емоционалното растројство, изгледа е причина за ова пореметување. Повеќе од 70% од лицата со овие тегоби претходно поминале низ стресни ситуации како што се смрт на блиска и сакана личност или раскинување на врска.48
Стресот и репродукцијата
Стерилитетот е сè почест и сè позагрижувачки отколку било кога порано. Изгледа дека стресот на многу начини влијае на репродуктивното здравје. Едно истражување покажало дека стресот може да предизвика зголемено лачење на одредени групи хормони кои ја нарушуваат плодноста на мажите така што го намалуваат бројот на сперматозоиди.49
Во друго истражување кое опфатило повеќе од 200 трудници, некои биле под стрес предизвикан од комбинација на преголеми барања на работното место и големиот број на должности и задачи во домаќинството. Кај нив постоел пет пати поголем ризик од компликации во бременоста отколку кај оние жени кои не биле под толкав стрес.50 Подетални објаснувања за оваа врска се дадени во претходните истражувања. Претходното истражување покажало дека вработените жени кои имаат дури и едно дете дома, имаат поголемо ниво на кортизол во крвта. Штетното дејство на овој хормон е опишано претходно во ова поглавје.51 Во едно посебно истражување кое опфатило повеќе од 100 жени кои работеле надвор од дома, оние кои немале деца имале пониско ниво на кортизол во текот на целиот ден. Можеби најмногу нè изненади фактот дека повеќе од едно дете, не значи и повеќе кортизол во крвта.
Кога е во прашање оштетување на фетусот, современите истражувања укажуваат на тоа дека стресот – особено за време на зачнувањето и во текот на првите три месеци од бременоста, во голема мера ја зголемува веројатноста дека ќе дојде до такви проблеми.52 Дури и ако дојде до зачнување, а детето нема некакво оштетување, стресот може да предизвика други компликации во бременоста. Одредени типови на стрес, се поврзуваат со зголемен ризик од предвремено породување.53 Предвреме родените бебиња се изложени на поголем ризик и од краткотрајни и од долготрајни здравствени проблеми. Тие исто така може да заостануваат и во интелектуалниот развој.
Стресот и фрактура на колкот
Кога се применуваат во лекување на болести како што е астмата, лековите од типот на кортизон можат негативно да влијаат на цврстината на коските. Не би требало да нè изненади тоа што медицинските истражувачи откриле поврзаност помеѓу стресот и фрактура на колкот. Едно истражување кое опфатило околу 18.000 Норвежанки на старост од најмалку 50 години, покажало дека индикаторите на ментално растројство како што се осаменост и незадоволство укажуваат на зголемен ризик од фрактура на колкот.54
Истражувачите сметале дека причината не лежи само во зголеменото ниво на кортизол. Таа поврзаност делумно може да се објасни со поврзаноста помеѓу менталното растројство и нездравиот начин на живот во другите аспекти. Не пример, жените кои се исклучително оптоварени и растроени често почнуваат со пушење на цигари и јадат нездрава храна.
Некои последици од стресот наведени во табела 9 не мора да бидат така драстични како и некои други сериозни здравствени проблеми кои што ги опишавме. Сепак, ако ги погледнеме и тие други начини на кои стресот може да влијае на здравјето, ќе дојдеме до навистина значаен заклучок – константниот стрес е навистина силен фактор кој на повеќе начини нанесува огромна штета на човековиот организам. Да погледнеме сега некои од друштвените последица на стресот.
Друштвени последици на стресот
Кога гледаме како стресот негативно влијае на физичкото и менталното здравје и финансиската ситуација, не треба ниту малку да нè чуди што тој влијае и на друштвениот аспект на животот. Всушност, друштвените последици на стресот се така добро прифатени во нашата култура што стресот често се користи како изговор за нарушените друштвени односи. Размислете за момент за типичните изговори кои ги слушате: „Извини, имав тежок ден на работа“, или „Прости ми. Цела ноќ око не склопив поради бебето“.
Кога зборуваме за овие друштвени последици на стресот, треба да кажеме дека хроничниот стрес може да претставува различна опасност во различни периоди од животот. Таквото истражување има вознемирувачки импликации на магичниот круг на злоупотреби кои често можат да се видат во семејства каде оние кои се под стрес затоа што друг член ги злоупотребува и самите на крајот почнуваат да го злоупотребуваат својот партнер или децата.
Стресот и мозокот
Стресот ги погодува сите аспекти на човековото суштество- физички, друштвен, ментален и духовен. Последните два од овие четири аспекти – аспектот на менталното здравје – е тој каде последиците од стресот често претставуваат најголема причина за загриженост. Нашето ментално здравје одредува кои сме ние. Без добро ментално здравје, квалитетот на нашиот живот трпи во физичка, друштвена и духовна смисла.
Стресот исто така се поврзува и со одредени видови на дисоцијативни состојби, како на пример кога ќе изгубите допир со својата околина, сонувајќи за нешто друго, или поради пореметување на памтењето заборавате цели поглавја од својот живот. Всушност, еден неодамна составен извештај укажува на можноста дека вонтелесните искуства на самата граница на смртта се манифестации на драматична дисоцијативна состојба.55
Дисоцијативните состојби вообичаено се проследени со големи стресови во животот. Додека е во таква состојба, личноста приметува дека нејзиниот ум делува независно од нејзините емоции па дури и од телото.56 Дисоцијативните состојби се вообичаено последици на големи стресови во животот. Додека е во таква состојба, личноста приметува дека нејзиниот ум делува независно од нејзините емоции па дури и од телото.56 Во дисоцијативна состојба може да западне секој кој се наоѓа во околности кои ја предизвикуваат оваа состојба. Тоа не мора да значи дека личноста е и ментално нестабилна. Доказите говорат дека вонтелесните искуства на границата помеѓу животот и смртта првенствено претставуваат состојба на изменета свест отколку некои видови на духовни искуства. Мозокот може да доживее застрашувачки промени под влијание на голем стрес, траума, или недостаток на кислород.
Разговорот за стресот и за менталните процеси не би бил целосен кога не би ја споменале злоупотребата на дрога. Нема сомневање дека дрогата зема најголем данок кога се во прашање менталните способности. Иако проблемот со дрогата воглавно е поврзан со повозрасните лица, таа појава не е многу невообичаена ни меѓу децата. Навистина, родителите се сè повеќе загрижени за своите деца кога е во прашање оваа појава. Иако постојат многу програми за спречување на наркоманијата, медицинските истражувања говорат дека една многу значајна и корисна стратегија често се занемарува. Ако им помогнеме на децата подобро да се соочуваат со стресорите, помала е веројатноста дека подоцна ќе имаат проблем со злоупотреба на дрога.57
Краток преглед на штетните последици на стресот
Видовме какви сè можат да бидат последиците од стресот. Јас само ја допрев опширната тема на штетно делување на стресот на физичкото и менталното здравје и друштвениот аспект на човековиот живот. Во ова поглавје е споменат само мал дел на големи истражувања на таа тема.
Медицинските работници и стручњаците се склони да дозволат здравствените проблеми поврзани со стресот да бидат потиснати во втор план, но мојата проценка и искуство кажуваат дека стресот во најголема мера допринесува за влошување на некоја болест и намалување на квалитетот на животот на милиони луѓе.
Од оваа перспектива, исклучително е важно да се внимава до какви сознанија се дошло во едно неодамна спроведено истражување кое опфатило повеќе од 45.000 вработени лица.58 Иако и пушењето и неумереноста и високиот крвен притисок и дијабетесот допринесуваат за зголемување на просечните годишни трошоци за здравствена заштита, Др. Рон З. Гецел (Goetzel) и колегите, во 1998 година објавиле едно застрашувачко откритие. Во една студија која се занимава со истражување на трошоците за здравствена заштита, две нешта биле далеку пред останатите ризик фактори обработени во ова истражување – депресијата и стресот. Работниците кои се жалеле на депресија давале во просек дури и 70,2% повеќе пари годишно за лекови и лекување. Оние кои биле изложени на поголем стрес, давале годишно 46,3% повеќе пари на лекови и лекување од своите помалку исфрустрирани врсници.
Оние кои ја контролираат остварената заработка во областа на здравството почнуваат да обрнуваат внимание на истражувањата како ова. Осигурителните заводи, Министерството за здравје, работодавците и други кои пишуваат многу чекови со цел плаќање на трошоци за лекување исто така обрнуваат внимание. Навистина, далекусежните последици на стресот нагласуваат една важна работа- секој од нас би требало да биде поттикнат да ја прифати двојната стратегија. Прво, да направиме сè што можеме за да ги контролираме стресорите со кои се соочуваме. Второ, кога ќе наидеме на стресори кои не можеме да ги контролираме, да научиме да управуваме со стресот на најконструктивен можен начин.
Пореметувања на загриженост (59)
До сега дознавме дека стресот може да предизвика сериозни промени во нашиот организам, и на полето на нашето физичко, ментално, емоционално и духовно здравје. Сега вниманието ќе го префрлиме на пореметувањата на загриженост, група на ментални пореметувања предизвикани од стрес. Кога стресорите се константно присутни, можат да предизвикаат загриженост (вознемиреност).
Се сеќавате дека една од моменталните реакции на неочекуван стресор е зголемена ментална активност (наведена на листата во табела 4). Нашиот мозок е програмиран така да има способност, кога сме под стрес, во делот од секундата да донесе исклучително важна одлучувачка одлука. Кога стресорот повеќе не е присутен, сепак долго по тоа стресорот може да се задржи во нашиот ум. На пример, војна или некои природни катастрофи можат негативно да влијаат на нашето ментално здравје и години по самиот настан. Кога стресорите се константно присутни – во било која мера, тие може да предизвикаат загриженост. Со цел појаснување на загриженоста, погледнете ги кратките факти во табела 10.
Кога зборуваме за првиот факт во табела 10, важно е да забележиме дека не секој стресор е доволно силен за сам без некои други стресори да предизвика пореметување на загриженост, дури иако е константно присутен.
– Константните стресори може да предизвикаат загриженост
– Загриженоста е најголемо ментално пореметување
– Погодува повеќе од 19 милиони Американци
– Може да се лекува
– Кога некој сака сам да си постави дијагноза, во повеќето случаи ќе погреши
Но кај оние лица кај кои постои генетска предиспозиција кон таквата состојба, долготрајниот неразрешен стрес може да биде многу плодно тло за развој на пореметувања на загриженост. Пореметувањата на загриженост се толку важни, а нивното влијание е така далекусежно (тие погодуваат повеќе од 19 милиони Американци) што навистина треба подетално да го проучиме овој здравствен проблем.
Пореметувањата на загриженост се во вистинска смисла на зборот – болест. Како што се гледа во Табела 10, тие се најчесто застапени од сите ментални пореметувања при што постојат големи варијации во интензитетот и сериозноста. Од една страна лицето често може да чувствува загриженост, а надворешно гледано тоа да не го пореметува во голема мера животот на таа личност. Од друга страна, можат да се јават периоди на изразена загриженост кои ја ужаснуваат дадената личност и ѝ оневозможуваат нормално функционирање.
Јас тука не претставувам некое големо истражување за овие пореметувања, но мислам дека одредени информации заслужуваат наше внимание. Запомнете дека овие пореметувања можат да се лекуваат. Често се случува лекарите, кај свој пациент, со години да не ги приметат ваквите пореметувања така што тој со години не се лекува. Тоа е трагично, бидејќи терапиите со лекови кои се издаваат на рецепт и стратегиите кои не вклучуваат употреба на синтетички лекови можат да бидат навистина успешни.
Забележете и дека кога човек самиот на себе си поставува дијагноза, воглавно греши. Многумина грешат кога ќе кажат за себе дека се „малку под стрес“, а всушност имаат многу посериозен проблем. Пореметувањата на загриженост се состојби кои бараат психијатриско лекување. Најдобро може да ги реши стручен лекар.
За среќа, се појавува цела низа на нови информации и сознанија поврзани за лекувањето на загриженост. Овде ќе изложам многу од нив за да можеме подобро да ги сфатиме основните причини за овие пореметувања и можностите за нивно лекување.
Една лоша особина на пореметувањата на загриженост е тоа што тие вообичаено се јавуваат во комбинации. Отприлика половина од оние кои имаат генерализирано пореметување на загриженост патат во исто време или од некое друго пореметување на загриженост или од депресија. Кога личноста е свесна дека може да се јават две пореметувања истовремено, таа ќе биде поспремна да ги побара кај себе симптомите.
Како да се препознае пореметување на загриженост?
Постојат пет главни облици на пореметување на загриженост. Националниот институт за ментално здравје (NIMH, National Institute of Mental Health), кој се наоѓа во состав на федералните Национални институти за здравје, ни дава краток општ преглед за овие пореметувања во својата брошура за 2000 година. Овие податоци се наоѓаат во табела 11.
– Генерализирано анксиозно пореметување (ГАП): претерана загриженост и напнатост околу секојдневните случувања и одлуки.
– Панично пореметување: напади на претеран страв и треперење кои се јавуваат и се повторуваат неочекувано и без некоја видлива причина – пратени со изразени физички симптоми.
– Пост-трауматско стресно пореметување (ПТСП): реакција на некој страшен настан кој се враќа во вид на застрашувачки, оптоварувачки сеќавања – зголемена активност и умртвување на нормалните емоции.
– Фобии-два типа: специфична фобија: страв од предмети или ситуации; социјална фобија: страв од претерана загриженост
– Опсесивно-компулсивно пореметување (OKП): оптоварувачки, непосакувани мисли кои постојано се повторуваат и ритуал кој личноста го извршува а за кој чувствува дека е итен и повеќе од потребен.
И покрај овие особини кои ни помагаат да го детектираме постоењето на пореметувањата, на неупатена личност обично и се чини дека луѓето со пореметување на загриженост имаат сериозен психијатриски проблем. На пример, може да изгледа дека личноста со генерализирано пореметување на загриженост е едноставно личност која само премногу се грижи. Често таа личност воопшто не е ниту свесна дека пати од ментално пореметување кое може да се дијагностицира и да се лекува.
Личноста со такво пореметување може да каже: „Отсекогаш мислев дека само премногу се грижам. Често се чувствував напнато и не можев да се опуштам. Понекогаш тоа чувство би дошло па би ме напуштило, а понекогаш траеше и подолго, дури со денови. Се грижев за тоа што ќе подготвам за семејната забава или што да му купам на некого за поклон. Едноставно не можев тоа да го пропуштам. Понекогаш чувствував слабост и вртоглавица. Срцето ми чукаше забрзано или силно. А поради тоа само уште повеќе се загрижував“.
Ајде детално да го разгледаме секое од овие наведени пореметувања на загриженоста дадени во табела 11.
Генерализирано пореметување на загриженост (ГАП)
ГАП, првото пореметување на листата, обично не предизвикува некои поголеми оштетувања. Личноста која пати од ова пореметување воглавно сосема нормално функционира во друштво. Добрата вест е тоа што кај повеќето луѓе оваа состојба се губи со тек на годините. Изгледа дека симптомите со време стануваат се помалку изразени. Сепак можат да се јават и онеспособувачки случаи на ГАП. И лековите и терапиите кои не подразбираат употреба на лекови можат да помогнат во ваквите случаи. Буспирон (BuSpar), лек кој се издава на рецепт, може да биде од некоја помош. Меѓутоа, пет видови на терапии кои не подразбираат употреба на лекови исто така се покажале како ефикасни. Тоа се когнитивно-бихејвиоралната терапија, редовни физички вежни, био-фидбек, техники на опуштање и терапија насочена на духовност. Последните четири облици на лекување се објаснети во 8 поглавје.
Треба да се биде многу внимателен кога е во прашање терапија со лекови. Постојат најмалку три причини зошто применувањето на овој наизглед најлесен метод на лекување може да биде погрешен избор. Прво, може да поминат и неколку недели пред примената на буспирон да доведе до некои позитивни резултати. Друго, таа може да предизвика цела низа на несакани ефекти вклучувајќи вртоглавица, поспаност и мачнина. Трето, постои загриженоста дека ГАП се влошува кога ќе се престане со употреба на лекови. Генерално гледано, голем број на пациенти не сакаат да земаат лекови до крајот на животот ако нивниот проблем може да се реши со некој друг вид на терапија.
Уште некои хемиски супстанци играат важна улога кога е во прашање загриженоста. Две најзначајни се серотонин и ГАБА (Гама-амино-бутерна-киселина). Двете соединенија се нарекуваат инхибирачки трансмитери. Тие имаат способност да ги умртват (смират) патиштата во мозокот кои се вклучени во стресот и загриженоста. Постои цела низа на лекови кои можат да го зголемат нивото на серотонин. Во многу случаи, овие лекови не само што ја ублажуваат депресијата, туку можат и да допринесат за ублажување на штетните ефекти на пореметувањата на загриженост. За среќа, лековите не се единствен начин на кој можеме да го зголемиме нивото на овие навистина значајни хемиски супстанци во мозокот. Во 4-то и 5-то поглавје претставувам цела низа на начини на кои можете да го зголемите нивото на серотонин во мозокот. Она што треба да го сфатиме е дека, дури и ако не сме депресивни, со помош на овие методи за зголемување на нивото на серотонин можеме да научиме успешно да се бориме со секојдневните стресови и грижи во животот.
Се појавуваат некои нови методи на лекување со лекови кои се усмерени на други хемиски супстанци кои пренесуваат пораки во мозокот. Постојат некои нови терапии кои го зголемуваат нивото на гама амино бутерна киселина (ГАБА) со цел ублажување на загриженоста и нападите на паника. Изгледа дека уште една хемиска супстанца во мозокот под назив супстанца-П игра некоја улога во пореметувањата на расположението. Прелиминарните студии укажуваат на тоа дека лековите кои ги блокираат ефектите на ова соединение можат да допринесат за ублажување и на загриженоста и на депресијата.
Паника
Вториот облик на пореметување на загриженост наведен во табела 11 е паничното пореметување. Што е панично пореметување? Тоа е состојба во која лицето го доживува она што се нарекува паничен напад. Личноста се чувствува како да губи контрола или здрав разум и може да има силно чувство дека наскоро ќе ѝ се случи некоја несреќа. Физичките симптоми на паничните напади се наведени во табела 12.
– Силно чукање на срцето
– Болка во градите
– Потење
– Зашеметеност и вртоглавица
– Тремор и тресење
– Мачнина или други стомачни проблеми
– Недостаток на воздух
– Морници кои минуваат низ телото
Во својот најлесен облик, паничното пореметување предизвикува навистина вознемирувачки симптоми.
Нападите на паника не им се случуваат само на оние кои патат од панично пореметување, туку понекогаш може да се јават и кај оние луѓе кои не патат од никаква ментална болест. Ваквите напади вообичаено се пропратна појава на некои други психијатриски состојби како што се: социјална фобија (страв од непријатности во друштво), општо пореметување на загриженост и тежок облик на депресија. За кај некого да се дијагностицира панично пореметување, таа личност би морала претходно да доживее најмалку два неочекувани напади на паника и да се грижи за нападите кои би можеле да ѝ се случат во иднина или да превземе мерки на претпазливост за таквите напади да се избегнат. Кај лицата кои имаат вакви пореметувања, изразената загриженост во периодот помеѓу нападите може всушност да предизвика вистинска фобија. На пример, ако некој доживее напад на паника во тек на возење со воз, тој може да добие страв од возови.
Истражувањата покажале дека склоноста кон паничните пореметувања може да биде наследна. Некои истражувачи сметаат дека од панични пореметувања заболуваат личности кои се генетски склони кон тоа, а кои се константно под голем стрес. Сеуште не е сосема јасно каква улога игра стресот во настанувањето на овие пореметувања. Без обзир на тоа како тој влијае на развојот на овие пореметувања, неодамна објавено истражување укажува на тоа дека личноста со панично пореметување има намален праг за активирање на механизмите за совладување на стресни ситуации.
Лицата кои патат од ова пореметување склони се кон тоа некои обични и безопасни ситуации потсвесно да ги сметаат за опасни, активирајќи го на тој начин системот за узбуна во случај на стрес. Успешен метод на лекување без употреба на лекови вклучува примена на когнитивно-бихејвиорална терапија (КБТ), која е објаснета во табела 13.
– Традиционална бихејвиорална терапија: се обидува да му помогне на пациентот, за своето пореметување да обвини нешто или некој друг. До наводно решавање на проблемот во однесувањето доаѓа кога личноста некако ќе се избори со утврдената „причина“.
– Когнитивно бихејвиорална терапија: се обидува да му помогне на пациентот да одреди што треба да направи или измени во своето однесување за да допринесе за лекување на своето пореметување.
Кога во едно семејство ќе се јават панични пореметувања, тука вообичаено се јавуваат и фобии, кои се четврти по ред на листата на пореметувања на загриженост наведени во Табела 11. Значи, симптомите на паника треба веднаш да почнат да се лекуваат за ова пореметување да не прерасне во фобија. Со фобиите ќе се позанимаваме во следниот отсек.
Одлуката за тоа дали треба да се обратиме кај лекар или не, не треба да се сфати наивно. Се покажало дека нелекуваните панични пореметувања во голема мера го зголемуваат ризикот од самоубиство. Лековите од групата SSRI како што е Paxil успешно го лекуваат ова пореметување. Јас препишувам бензодијазепини како што е Ксанакс на пократки временски периоди (помалку од 30 дена) за да ја подобрам состојбата во случај на сериозно и опасно по живот панично поремерување, додека лековите од групата SSRI и терапијата со начин на живот не добијат шанса да го покажат својот позитивен ефект. Многу е важно пациентите кои патат од панично пореметување да не го помешаат нападот на паника со срцев удар (иако овие настани често личат еден на друг), да сфатат дека тие сериозни симптоми брзо ќе исчезнат и дека нема потреба да повикаат брза помош. Ова убедување само по себе може да делува навистина лековито.
Пост-трауматски стрес
Називот на третото по ред пореметување на загриженост наведено во табела 11, пост-трауматско стресно пореметување (ПТСП), укажува на главното обележје на оваа болест. Тоа вообичаено се јавува кај лица кои доживеале тешка емоционална траума. Типичните знаци на ПТСП се прикажани во табела 14.
– Жртвата доживеала тешка емоционална траума
– Жртвата има застрашувачки мисли и сеќавања
– Таквите мисли потекнуваат од секојдневни настани
– Оваа болест е прв пат забележана кај воените ветерани кои доживеале шок бидејќи во војната биле изложени на силно артилериско пукање
Оваа состојба може да го ослаби целиот организам и да ги наруши блиските меѓучовечки односи. Бројни реакции кои може да се јават при ПТСП се наведени во табела 15.
– Кошмари
– Проблеми со спиењето
– Страв во текот на денот
– Депресија
– Повлекување во себе
– Недоверба во другите
– Емоционална нечувствителност
– Чувство на беспомошност
Жртвата исто така, вообичаено избегнува ситуации кои будат непријатни спомени.
Неодамна објавени истражувања покажуваат дека лицата кои патат од ПТСП може да имаат поголеми шанси подоцна да се замешаат во криминални дејства, што претставува последица на агресивното однесување и недостаток на самоконтрола.60 Некои други истражувања укажуваат на поврзаноста помеѓу ПТСП и зголемениот ризик од хронични болести како што е инфарктот.61
ПТСП во јавноста прв пат е споменат во навистина ограничувачки контекст познат под називот „шок од артилериски истрели“ кај воените ветерани. Од ова пореметување заболуваат пет милиони Американци секоја година, а тоа може да биде последица на било каков трауматски настан, на пример ако станете жртва ( или видете други кои доживеале шок) по силување или сексуална злоупотреба, или некои други криминални настани, елементарни непогоди како урагани или земјотреси и тешки сообраќајни несреќи.
Личноста изложена на силен стрес не мора секогаш да заболи од ПТСП. Дури и меѓу оние кои доживеале исклучително силна траума, само 9% заболуваат од ПТСП. Меѓутоа, кога се во прашање групи како ветераните од виетнамската војна, дури и околу 20 години по самото трауматско искуство, приближно 15% од нив боледуваат од ова пореметување.
Фактот дека од ПТСТ не заболуваат сите лица кои доживеале некоја траума упатува на важноста на еден од најзначајните аспекти на теоријата на стресот. Се чини дека и генетските фактори, начинот на кој секоја личност се соочува со стресот и другите друштвени фактори влијаат на тоа дали ќе дојде до ПТСП или не. Постојат некои нови докази кои укажуваат на тоа дека личностите кои по трауматичниот настан ќе добијат силна друштвена поддршка поретко заболуваат од ПТСП.62
Дури и кога личноста ќе заболи од ПТСП, кај неа не мора задолжително да се појават сите карактеристики на ова пореметување, исто така и, некои лица се опоравуваат побрзо од други, а често се случува и некои лица да се опорават подобро од други. Приближно 50% од оние кои заболуваат од ова пореметување потполно се опоравуваат во рок од шест месеци. Од друга страна, некои пациенти се мачат со децении па дури и до крајот на својот живот.
Можностите за лекување зависат од природата на проблемите поврзани со било кој даден случај на ПТСП. Ако се јават депресија и проблеми со спиењето, може да се препишат антидепресиви и/или лекови кои ја ублажуваат загриженоста. ПТСП е уште едно пореметување на загриженост каде когнитивно бихејвиоралната терапија вообичаено претставува навистина важен дел од лекувањето. Како што е истакнато и порано, силната друштвена поддршка како што е изградба на блиски односи со семејството, пријателите и друштвената заедница исто така може да биде од голема помош во ублажување на симптомте на ПТСП.63
Иако пореметувањето кое не се лекува може да трае навистина долго, лекувањето може да доведе до побрзо подобрување на таквата состојба. Една студија за ПТСП предизвикано од силување открило дека кај повеќето пациенти е доволно да се одржат 12 сеанси на бихејвиорална терапија (која не вклучува употреба на лекови) за да се ублажат повеќето симптоми на ПТСП.64
Навистина е важно да се истакне дека типот на ПТСП и неговите симптоми варираат од личност до личност. На пример, неодамна објавеното истражување покажува дека некои аспекти на ваквите трауми, времето ги лекува побрзо и подобро од некои други. Истражувачите го проучувале животот на 78 Ерменци кои биле меѓу илјадниците кои доживеале страшен земјотрес и екстремно политичко насилство во доцните 80-ти години на 20-тиот век. Тие дошле до заклучок дека симптомите на депресија кои се следени по трауматичните настани со време исчезнуваат. Меѓутоа, некои симптоми на пост-трауматскиот стрес не исчезнуваат ниту по три години.65
Искуството на овие Ерменци е корисно, но не и неопходно и типично за сите личности кои патат од ПТСП. Овие Ерменци константно биле опкружени со нешто што ги потсетувало на поранешните трауматични настани (згради срушени од земјотреси, медиумски извештаи за политичко насилство итн).
Во многу случаи на ПТСП, многубројни настани може да ги разбудат болните спомени, но често се случува некои нешта кои директно и јасно потсетуваат на доживеаните трауматични настани да не се присутни.
Кога е во прашање излечливо пореметување на загриженост како ПТСП, една од најголемите трагедии е тоа што пациентите ја одложуваат посетата на лекар. Тој период на одложување во просек изнесува осум години.
Фобии
За фобиите е карактеристичен екстремен, ирационален страв. Еден од примерите е неверојатен страв од пајаци. Фобиите од некои одредени нешта или појави како оваа се вообичаени појави и се јавуваат кај секој десетти човек.
Пореметувањето може или не мора да го ослаби човековиот организам, што зависи од тоа колку лесно може да се избегне самиот извор на одредената фобија. Меѓутоа, ако личноста често се среќава со предметот од кој се плаши, тоа може во голема мера да го измени животот на личноста која е во обид да излезе на крај со таа своја состојба. Додатна компликација претставува фактот дека само околу 20% од фобиите кај возрасните лица се лекуваат без терапија.
За разлика од многуте пореметувања на загриженост, специфичните фобии – генерално гледано не можат да бидат последица на само еден стресен настан. Стресорот е многу почесто еден став кој се пренесува на останатите членови на семејството или на блиските пријатели. Не е тешко да се замисли дека постои веројатност мајката која необично многу се плаши од пајаци или од невреме истиот тој страв ќе им го пренесе и на своите деца.
Наспроти специфичните фобии, постојат и друштвени фобии. Друштвените фобии се одликуваат со непримерен страв или збунетост во одредени друштвени ситуации. Состојбата може да се влоши во голема мера ако личноста се збунила или доживела некој стрес пред поголем број на луѓе.
За среќа, постојат ефикасни терапии за лекување на фобии, како што видовме и во случајот на останатите пореметувања на загриженост. Методите на лекување се наведени во табела 16.67
– Постепено соочување на жртвата со она од што се плаши
– Побавно, длабоко дишење од дијафрагмата
– Инхибитори МАО (лекови)
– Бета блокатори (лекови) за друштвени фобии
– Когнитивно-бихејвиорална терапија
– Лековити билки или синтетички лекови против загриженост
Кога фобијата ќе се дијагностицира, специфична когнитивно-бихејвиорална терапија (КБТ) може да биде од голема помош. Една техника се состои од постепено изложување на пациентот на фобичната ситуација. Когнитивната бихејвиорална терапија без употреба на синтетички лекови може сама или со некои лекови (како што се антидепресиви или лекови против загриженост познати како бензодијазепини) во потполност да ги спречи нападите на паника во 70-90% од случаите.68 КБТ и сродните на неа терапии вообичаено доведуваат до значајно подобрување во рок од осум седмици.
Сеуште не се појавиле лекови за спречување на специфични фобии. Меѓутоа кога се во прашање друштвените фобии, некои лекови се покажале исклучително ефикасни, вклучувајќи ги тука антидепресивите познати под името МАО инхибитори.69 Освен тоа, групата на лекови под називот бета-блокатори се покажала успешна во случајот на специфичен облик на друштвена фобија која се нерекува фобија од јавен настап. Овие лекови станаа многу популарни меѓу јавните изведувачи како што се пеачите кои ги земаат овие лекови пред настап.
Уште еден вид на примена на когнитивно-бихејвиоралната терапија се вежбите за дишење. Правилното дишење или дишењето од дијафрагмата подразбира побавно, длабоко дишење кое се потпира на дијафрагмата, оној голем мускул кој го одделува градниот кош од стомачната празнина. Таквото длабоко дишење може да го совлада блискиот роднина на загриженоста – брзото површно дишење. Брзото дишење само по себе претставува проблем затоа што може во голема мера да го намали нивото на јаглерод диоксид во крвта и да предизвика вртоглавица или несвестица, трнења во устата и прстите и грчеви во мускулите. Состојбата на околу 75% од пациентите во голема мера се поправа со ваква примена на КБТ.
Опсесивно-компулсивно пореметување (ОКП)
ОКП е пореметување чии две главни карактеристики се опсесија и присилна работа (компулзија). Класичен пример би бил претеран страв од бактерии (нечистотии) поради што личноста постојано одново, и тоа многу почесто од нормалното, детално ги мие дланките. Страв од нечистотии (бактерии) е опсесија, а претераното често миење на рацете е присилната работа. Таа вознемирувачка опсесија се смета за проблем кој мора да се реши, а како резултат на тоа, дадената личност се чувствува приморана да го реши.
Ние не зборуваме за нормална грижа за хигиената или безбедноста (пр. кога повторно проверувате дали сте ја заклучиле вратата од куќата). Ако на активностите поврзани за ова пореметување ви поминува најмалку еден час време секојдневно и ако тие ве вознемируваат до таа мера да не можете нормално да ги извршувате секојдневните обврски, тогаш е во прашање ОКП.
Оваа болест напредува на различни начини, како што е објаснето во табела 17.
– Симптомите можат да бидат помалку или повеќе изразени
– Наследниот фактор игра значајна улога
– Се влошува во стресни животни ситуации
– Се лекува со синтетички лекови и когнитивно бихејвиорална терапија која не вклучува употреба на лекови
– Лековите кои го зголемуваат нивото на серотонин се многу ефикасни
Класичната бихејвиорална терапија за ОКП се нарекува изложување и спречување на реакцијата. Во рамките на оваа терапија, личноста која пати од ОКП се изложува на ситуација која се наоѓа во самата средина на опсесијата, а потоа неа ѝ се помага да не го извршува својот вообичаен ритуал.
Кога се во прашање синтетичките лекови, лековите кои го зголемуваат нивото на серотонин во мозокот се покажале како многу ефикасни. Тука спаѓаат Анафранил, како и група на антидепресиви позната како селективни инхибитори на повторното превземање на серотонинот SSRI. Во SSRI спаѓаат популарните лекови како што се Calexa, Prozac, Luvox, Paxil, Zoloft.
Во неодамна објавениот извештај на Националниот институт за ментално здравје се наоѓаат некои интересни заклучоци поврзани со методите за лекување на опсесивно-компулсивното пореметување. Лековите кои го зголемуваат нивото на серотонин значајно ја подобруваат состојбата кај 75-80% од пациентите. Меѓутоа, истражувачите велат дека просто ги воодушевува фактот дека ако не поголемо, барем исто подобрување се постигнува со примена на бихејвиоралната терапија која не вклучува употреба на лекови.
Општ преглед на пореметувањата на загриженост
Воопшто не нè изненадува фактот дека голем број на стандардни терапии за лекување на пореметување на загриженост вклучуваат употреба на лекови. Наспроти тоа, јас повторно сакам да истакнам една од темите за кои често говорам – дека терапијата на лекување со стил на живот често може во голема мера да влијае на хемиските супстанци кои се наоѓаат во мозокот. Вредноста на когнитивно-бихејвиоралната терапија (КБТ) без употреба на лекови во многу пореметувања на загриженост потврдува дека освен лековите постојат и други можности за одржување на менталното здравје.
За жал, оние кои се занимаваат со истражување на областа на методите на лекување не се толку заинтересирани за пристап кон лекување со исхрана и стил на живот колку што се отворени кон методите за лекување со синтетички лекови. Зошто е тоа така? Токму затоа што фармацефтските компании им даваат огромни средства и пари на оние кои се занимаваат со истражувања во областа на медицината. Малку се моќните „играчи“, ако воопшто ги има, на кои им е во интерес, материјално гледано, луѓето повеќе да шетаат или да прават физички вежби или да јадат повеќе овошје и зеленчук.
Иако се направени многу повеќе истражувања во областа на лекување со синтетички лекови, отколку на темата на лекување со начин на живот, се покажало дека овие терапии кои не вклучуваат употреба на лекови се многу практични и ефикасни – а не носат ниту несакани ризици од несаканите ефекти кои ги предизвикуваат лековите. Додека не се направат повеќе контролирани истражувања, се препорачува оние кои побрзо би се определиле за терапија на лекување на пореметувањето на загриженост со стил на живот, да работат на тоа со лекарот-стручњак во таа област кој внимателно ќе го надгледува нивниот напредок. Ако веќе земате некој лек против пореметување на загриженост, ниту во еден случај немојте нагло да ја прекините неговата употреба. Дури и ако лекот не ви е веќе потребен – кога се во прашање лекови кои влијаат на хемиските супстанци во мозокот – дозата треба постепено да се намалува. А тој процес треба да се одвива според стручни совети на лекарот.
Сè што денес ние знаеме – а сè повеќе знаеме за пореметувањата на загриженост е тоа дека тие може да бидат многу сериозни заболувања, но често можат да бидат и успешно лекувани. Во терапиите кои веќе се покажале како ефикасни спаѓаат и методи на лекување со синтетички лекови и бихејвиорални техники кои не вклучуваат употреба на лекови. Уверен сум дека многу методи на лекување на депресија со стил на живот кои се наведени во оваа книга можат да бидат делотворни и во случај на пореметување на загриженост. И во едниот и во другиот случај, препорачувам посета на компетентен лекар кој во својот програм на лекување ќе вклучи и терапија на лекување со стилот на живот.
Депресија, стрес, загриженост и самоубиство
Тежок облик на депресија кај еден член на семејството вообичаено претставува силен фактор на стрес за останатите членови. Како што стои запишано во Препораките на министерството за здравје, за ментално здравје: „не е само пациентот тој кој пати и трпи последици (на тежок облик на депресија). Брачниот партнер, децата, родителите, браќата и сестрите и пријателите се исфрустрирани и лути, имаат чувство на вина и финансиски проблеми, а понекогаш стануваат и вистинска жртва на физичка злоупотреба во својот обид да ги ублажат или да се изборат со страдањата на дадената депресивна личност“.70
Загриженоста обично се јавува заедно со тешкиот облик на депресија. Меѓу пациентите кај кои е дијагностициран тежок облик на депресија, скоро половина од нив патат во исто време и од изразена загриженост. Поради фактот дека загриженоста и депресијата така често се јавуваат заедно, многу истражувачи сметаат дека овие две состојби имаат исти причински фактори. Нивото на серотонин во крвта е многу важно. Како што видовме во случаи на многу пореметувања на загриженост состојбата се подобрува со употреба на лекови кои го зголемуваат нивото на серотонин. Важноста на серотонинот е потполно објаснета во поглавје 8.
А што со самоубиството? Дали згриженоста води кон самоубиство? Во поглавје 2. дознавме дека тешкиот облик на депресија е главниот фактор кој води до самоубиство.71 Депресијата може да доведе до губиток на волја за живот, а може и не мора да доведе до самоубиство. Сепак, извесно ниво на загриженост, фрустрација или стрес може да ја „преполнат чашата“ и да ја наведат депресивната личност да се обиде или да изврши самоубиство.
Заклучок
Во ова поглавје објаснивме некои ментални пореметувања. Дознавме дека стресот, едно вообичаено пореметување може да предизвика загриженост, која се јавува во облик на пет посебни, но тесно поврзани пореметувања. Видовме дека секое од овие пореметувања може да им наштети на многу делови од организмот, да ги влоши или дури и да предизвика цела низа на различни болести и намалување на квалитетот на животот на милиони луѓе.
Кажано е колку е важно да се препознае постоењето на пореметувањата, наведени се карактеристиките по кои може да се одреди типот на пореметување, како и успешните методи на лекување. Во тие методи спаѓаат и терапиите без употреба на лекови, различни техники на психолошко советување и лекување со синтетички лекови.
Пораката на ова поглавје би можела накратко да гласи:
- Стресот и загриженоста во нашето опкружување се многу честа појава, почеста отколку било кога порано и секоја година имаме се поголем број на случаи.
- Тие се исклучително штетни за човековото здравје, а понекогаш можат да предизвикаат и смрт.
- Постојат нови методи кои можат успешно да ги лекуваат овие пореметувања без претерана употреба на синтетички лекови во било која фаза на лекувањето.
Во наредното поглавје ќе продолжиме со истата оваа тема. Ќе видиме како човек може да си помогне самиот на себе во совладување на стресот и загриженоста. Освен тоа, ќе истакнеме и зошто треба да бидеме внимателни кога се во прашање одредени популарни лекови кои се користат во лекување и на стрес и на загриженост. Ќе зборуваме за факторите на стилот на живот кои се неверојатно успешни во лекување на овие ментални пореметувања.
Референци (користена литература)
1 Goldberg DP, Lecrubier Y. (1995). Form and frequency of mental disorders across centres. In T. B. Ustun & N. Sartorius (Eds.), Mental illness in general health care: An international study. (pp. 323–334). New York: John Wiley & Sons.
2 Magee WJ, Eaton WW, et al. (1996). Agoraphobia, simple phobia, and social phobia in the National Comorbidity Survey. Archives of General Psychiatry, 53, 159–168.
3 Regier DA, Farmer M E. (1990). Comorbidity of mental disorders with alcohol and other drug abuse. Results from the Epidemiologic Catchment Area (ECA) Study. Journal of the American Medical Association, 264, 2511–2518.
4 National Institute of Mental Health. Facts about anxiety disorders. 2000 Dec 7.
5 Sax LJ. The 34th annual survey of over 360,000 US college freshmen. University of California, Los Angeles (UCLA). Reuters Limited 1999 Jan 24.
6 Crystal DS. Psychological maladjustment and academic achievement: A cross-cultural study of Japanese, Chinese, and American high school students. Child Dev 1994 Jun; 65(3):738-53.
7 Weinberg A, Creed F. Stress and psychiatric disorder in healthcare professionals and hospital staff. Lancet 2000 Feb 12;355(9203):533-537.
8 Selye H. The evolution of the stress concept. Am Sci 1973 Nov-Dec; 61(6):692-699.
9 Selye H. The evolution of the stress concept. Am Sci 1973 Nov-Dec; 61(6):692-699.
10 Guyton AC. The autonomic nervous system: the adrenal medulla. In: Textbook of Medical Physiology–8th edition. Philadelphia, PA:WB Saunders, Co., 1991 p. 672-676.
11 Ephesians 4:26. The Holy Bible. Authorized King James Version.
12 National Institute of Diabetes and Digestive and Kidney Disease. National Diabetis Clearinghouse. NIH Publication No. 99-3892, March 1999.
13 Maeda K, Tanimoto K, et al. Neurobiol Aging 1991;12:161-163.
14 Inael TR, Kalla NH, et al. The dexamethasone suppression test in obsessive-compulsive disorder. Psychiatr Res 1982;6:152-160.
15 Roy-Byrns PP,Uhda TW, et al. The CRH stimulation test in patients with panic disorder. Am J Psychiatry 1986;143:396-399.
16 Gold PW, Gwirtsman H, et al. Abnormal hypothalamic-pituitary-adrenal function in anorexia nervosa: pathophysiologic mechanisms in underweight and weight-corrected patients. N Engl J Med 986;314:1335-1342.
17 Seeman TE, McEwen BS, et al. Increase in urinary cortisol excretion and memory declines: MacArthur Studies of Successful Aging. J Clin Endocrinol Metab 1997;82: 2458-2465.
18 Lupien SJ. Stress-induced declarative memory impairment in healthy elderly subjects: relationship to cortisol reactivity. J Clin Endocrinol Metab 1997 Jul;82(7):2070-2075.
19 Lupien SJ. Cortisol levels during human aging predict hippocampal atrophy and memory deficits. Nat Neurosci 1998 May 1(1):69-73.
20 Lupien SJ. Stress-induced declarative memory impairment in healthy elderly subjects: Relationship to cortisol reactivity. J Clin Endocrinol Metab 1997 Jul;82(7):2070-2075.
21 Bender BG, Lerner JA, Poland JE. Association between corticoster-oids and psychologic change in hospitalized asthmatic children. Ann Allergy 1991;66:414-419.
22 Lupien SJ. Cortisol levels during human aging predict hippocampal atrophy and memory deficit. Nat Neurosci 1998 May 1(1): 69-73.
23 Chrousos GP, Gold PW. The concepts of stress and stress system disorders, overview of physical and behavioral homeostasis. JAMA 1992 Mar;267(9):1244-1252.
24 Chrousos GP. A healthy body in a healthy mind—and vice versa—the damaging power of “uncontrollable” stress. J Clin Endocrinol Metab 1998 Jun;83(6):1842-1845.
25 Malazowaki S, Muzzo S, et al. The hypothalamic-pituitary-adrenal axis in infantile malnutrition. Clin Endocrinol 1990;32:461-465.
26 Risher-Flowers D, Adinoff B, et al. Circadian rhythms of cortisol during alcohol withdrawal. Adv Alcohol Subst Abuse 1988;7(3-4):37-41.
27 Von Bardeleben U, Heuser I, et al. CRH stimulation response during acute withdrawal and after medium-term abstention from alcohol abuse. Psychoneuro endocrinology 1989;14(6):441-449.
28 Wand GS, Dobs AS. Alterations in the hypothalamic-pituitary-adrenal axis in actively drinking alcoholics. J Clin Endocrinol Metab 1991 Jun;72(6):1290-1295.
29 Chrousos GP, Gold PW. The concepts of stress and stress system disorders, overview of physical and behavioral homeostasis. JAMA 1992 Mar;267(9):1244-1252.
30 Sephton SE. Diurnal cortisol rhythm as a predictor of breast cancer survival. J Natl Cancer Inst 2000 Jun 21;92(12):994-1000.
31 Nedley N, Proof Positive: How to Reliably Combat Disease and Achieve Optimal Health through Nutrition and Lifestyle. Ardmore, OK: Nedley Publishing, 1999 pp. 171,183,184.
32 Sephton SE. Diurnal cortisol rhythm as a predictor of breast cancer survival. J Natl Cancer Inst 2000 Jun 21;92(12):994-1000.
33 Kiecolt-Glaser JK, Glaser R, Strain EC, et al. Modulation of cellular immunity in medical students. J Behav Med 1986;9(1):5-21.
34 Jahn I, Becker U, Jockel KH, Pohlabeln H. Occupational life course and lung cancer risk in men. Findings from a socio-epidemiological analysis of job-changing histories in a case-control study. Soc Sci Med 1995 Apr;40(7):961-75.
35 Blumenthal JA, et al. Stress management and exercise training in cardiac patients with myocardial ischemia. Effects on prognosis and evaluation of mechanisms. Arch Intern Med 1997 Oct 27;157(19):2213-2223.
36 Gullette EC, et al. Effects of mental stress on myocardial ischemia during daily life. JAMA 1997 May 21;277(19):1521-1526.
37 Matthews KA, et al. Stress-induced pulse pressure change predicts women’s carotid atherosclerosis. Stroke 1998 Aug;29(8): 1525-1530.
38 Kamack TW, et al. Exaggerated blood pressure responses during mental stress are associated with enhanced carotid atherosclerosis in middle-aged Finnish men: Findings from the Kuopio Ischemic Heart Disease Study. Circulation 1997 Dec 2; 96(11):3842-3848.
39 Stoney CM, Hughes JW. Lipid reactivity among men with a parental history of myocardial infarction. Psychophysiology 1999 Jul;36(4):484-490.
40 Lampert R, et al. Destabilizing effects of mental stress on ventricular arrhythmias in patients with implantable cardioverter-defibrillators. Circulation 2000 Jan 18; 101(2): 158-164.
41 Everson SA, Lynch JW. Interaction of workplace demands and cardiovascular reactivity in progression of carotid atherosclerosis: Population based study. BMJ 1997 February 22;314:553.
42 Cohen F, Kemeny ME, Kearney KA, Zegans LS, Neuhaus JM, Conant MA. Persistent stress as a predictor of genital herpes recurrence. Arch Intern Med 1999;159 (20): 2430-2436.
43 Gordon GH, Bernstein MJ. Psychiatric mimics of allergic airway disease. Immun and Aller Cl of North Am 1996 February;16(1):199-214.
44 Klinnert MD, Mrazek PJ, Mrazek DA. Early asthma onset: The interaction between family stressors and adaptive parenting. Psychiatry 1994 Feb;57(1):51-61.
45 Geoffrey GH, Bernstein MJ. Psychiatric mimics of allergic airway disease. Immun and Aller Cl of North Am 1996February;16(1):199-214.
46 Evans DL, Leserman J. Severe life stress as a predictor of early disease progression in HIV infection Am J
Psychiatry 1997;154(5):630-634.
47 Theoharides TC, Singh LK, et al. Corticotropin-releasing hormone induces skin mast cell degranulation and increased vascular permeability, a possible explanation for its proinflammatory effects. Endocrinology 1998 Jan;
139(1): 403-413.
48 Chassany O, Marquis P. Validation of a specific quality of life questionnaire for functional digestive disorders.
Gut1999 Apr;44(4):527-533.
49 Ge RS, Hardy DO. Developmental changes in glucocorticoid receptor and 11beta-hydroxysteroid dehydrogenase oxidative and reductive activities in rat Leydig cells. Endocrinology 1997 Dec;138(12):5089-5095.
50 Luke B, Avni M. Work and pregnancy: The role of fatigue and the “second shift” on antenatal morbidity. Am J Obstet Gynecol 1999 Nov;181(5 Pt 1):1172-1179.
51 Light KC. Stress in employed women: A woman’s work is never done if she’s a working mom. Psychosom Med 1997 Jul-Aug;59(4):360-361.
52 Carmichael SL, Shaw GM. Maternal life event stress and congenital anomalies. Epidemiology 2000 Jan;11(1): 30-35.
53 Brett KM, et al. Employment, job strain, and preterm delivery among women in North Carolina. Am J Public Health 1997 Feb;87(2):199-204.
54 Forsen L, et al. Mental distress and risk of hip fracture. Do broken hearts lead to broken bones? J Epidemiol
Community Health 1999 Jun;53(6):343-347.
55 Greyson B. Dissociation in people who have near-death experiences: Out of their bodies or out of their minds? The Lancet 2000;355:460-463.
56 Surgeon General’s Report materials: Chapter 4 Adults and Mental Health.
57 Taylor J, et al. Individual differences in electrodermal responsivity to predictable aversive stimuli and substance dependence. Psychophysiol-ogy 1999 Mar;36(2):193-198.
58 Goetzel RZ, et al. The relationship between modifiable health risks and health care expenditures. An analysis of the multi-employer HERO health risk and cost database. The Health Enhancement Research Or-ganization (HERO) Research Committee. J Occup Environ Med 1998 Oct;40(10):843-854.
59 The material in this section is based on several references that are not shown as specific endnotes. These references are:
a. Mental Health: A Report of the Surgeon General, chap-
ter 4.
b. National Institute of Mental Health. Anxiety Disorders. NIH Publication No. 97-3879 Printed 1994, Reprinted 1995, 1997 Accessed on line at http://www.nimh.nih.gov/anxiety/anxiety.cfm
c. National Institute of Mental Health. Anxiety Disorders Research Fact Sheet. NIH Publication No. 00-4504. Printed May 2000. No specific endnote notations are shown when the material was ob-tained from one of these sources. However, information used from other sources is cited where appropriate.
60 Cauffman E, et al. Posttraumatic stress disorder among female juvenile offenders. J Am Acad Child Adolesc Psychiatry 1998 Nov;37(11):1209-1216.
61 Boscarino JA, Chang J. Electrocardiogram abnormalities among men with stress-related psychiatric disorders: Implications for coronary heart disease and clinical research. Ann Behav Med 1999 Summer;21(3):227-234.
62 Summerfield D. War and mental health: A brief overview. BMJ 2000 Jul 22;321(7255):232-235.
63 Summerfield D. War and mental health: A brief overview. BMJ 2000 Jul 22;321(7255):232-235.
64 National Institute of Mental Health. Press Release. “Launch of the NIMH Anxiety Disorders Education Program” www.nimh.nih.gov/ publicat/anxiety.htm; accessed on August 3, 2000.
65 Goenjian AK, et al. Prospective study of posttraumatic stress, anxiety, and depressive reactions after earthquake and political violence Am J Psychiatry 2000 Jun;157:911-916. National Institute of Mental Health. Press Release. “Launch of the NIMH Anxiety Disorders Education Program” www.nimh.nih.gov/publicat/anxiety.htm; accessed on August 3, 2000.
66 National Institute of Mental Health. Anxiety Disorders. NIH Publication No. 97-3879 Printed 1994, Reprinted 1995, 1997 Accessed on line at http://www.nimh.nih.gov/anxiety/anxiety.cfm.
67 National Institute of Mental Health. Panic disorder treatment and referral: Information for health care professionals. NIH Publication No. 94-3642 Printed 1994.
68 National Institute of Mental Health. Anxiety Disorders. NIH Publication No. 97-3879 Printed 1994, Reprinted 1995, 1997 Accessed on line at http://www.nimh.nih.gov/anxiety/anxiety.cfm.
69 National Institute of Mental Health. Press Release. “Launch of the NIMH Anxiety Disorders Education Program” www.nimh.nih.gov/ publicat/anxiety.htm; accessed on August 3, 2000.
70 Mental Health: A Report of the Surgeon General. Department of Health and Human Services, National Institutes of Health, National Institutes of Mental Health, 1999 p. 244.
71 Angst J, Angst F, Stassen HH. Suicide risk in patients with major depressive disorder. J Clin Psychiatry 1999; 60 Suppl 2:57-62; discussion 75-6, 113-116. Cited in: Mental Health: A Report of the Surgeon General, chapter 4.