„Затоа не се истоштуваме… Зашто, нашата сегашна лесна неволја ни донесува прекумерно, и неизмерно, вечно изобилство на слава, зашто ние не мислиме на она што е видливо, туку на она што е невидливо; зашто видливите работи се поминливи, а невидливите се вечни.“ (2 Коринтјаните 4:16-18 ; Библија)

Некои велат: „Кога и да погледнам на себе, наоѓам нешто за осуда.“ Тоа е вистина. Слободата од осуда не е во нас, туку во Христос Исус. Ние треба да гледаме во Него, а не на себе. Никогаш нема да дојде момент во кој додека гледаме на себе, не најдеме нешто што е за осуда.

Сатаната паднал затоа што гледал на себе. Обновувањето на оние кои тој ги навел на пад, е возможно само преку гледање во Исуса. „И како што Мојсеј ја издигна змијата во пустината, така треба да биде издигнат Човечкиот Син“ (Јован 3:14). Змијата е подигната за да може да се гледа во нејзе. Оние кои ја погледале, оздравеле. Така е и со Христос.

Да се најдеме во Христос е само почеток, а не крај на христијанскиот живот. Тоа е влез во училиштето каде што ќе учиме за Него. Тој го зема безбожниот човек со сите негови зли навики и му ги опростува сите гревови, тако што Бог гледа на човекот како никогаш да нема погрешено. И тогаш Тој продолжува да му го дава Неговиот живот, со чија помош човекот може да ги победи своите зли навики.

Дружењето со Христос сè повеќе и повеќе ќе ни го открива нашето промашување, како што дружење со учен човек ќе направи да станеме свесни за своето незнаење. Како верен сведок, Тој нам ни ги открива нашите маани; но не за да нè осуди. Од Него примаме сочувство, а не осуда. Токму тоа сочувство ни дава храброст и нè оспособува да победиме.

Кога Господ нам ни укажува на слабости од нашиот карактер, тоа е исто како да ни вели: „Има нешто што ти е потребно, а Јас го имам тоа да ти го дадам“. Кога ќе научиме на укорот да гледаме на овој начин, ќе се радуваме, наместо да се обесхрабруваме.

Pin It on Pinterest