3 Зашто тоа, што му беше невозможно на Законот, зашто беше слаб заради телото, Бог го изврши: испраќајќи Го – заради гревот – Својот Син во обличје слично на грешното тело и, поради грев, го осуди гревот во телото (Римјаните 8:3 ; Библија).

Господ Исус земал исто тело и крв, иста човечка природа, која што ние ја имаме – тело како и нашето грешно тело, и заради гревот, а со силата на Божјиот Дух преку божествениот ум кој бил во Него, (Тој) „го осуди гревот во телото“. (Римјаните 8:3).

Во тоа се огледува нашето избавување (Римјаните 7:25). Во тоа е нашата победа. „Имајте ја во себе истата мисла, која беше и во Исуса Христа“ (Филипјаните 2:5). „Ќе ви дадам ново срце, и ќе вдахнам нов дух во вас!…“ (Езекиел 36:26).

Немојте да бидете обесхрабрени кога ќе ја погледнете грешноста на телото. Само во светлост на Божјиот Дух и проникливоста на Христовиот ум, можете да увидете толку многу грешност во вашето тело. И колку повеќе грешност гледате во вашето тело, толку повеќе Божји Дух имате. Тоа е сигурна проверка.

А потоа, кога ќе видете грешност која изобилува во вас, благодарете Му на Господ затоа што имате толку многу од Божјиот Дух, што можете  да видите толкава грешност. И знајте со сигурност дека колку повеќе грешност изобилува, уште повеќе изобилува благодат, за „како што гревот царуваше во смртта, така и благодатта да царува преку правдата за вечен живот преку нашиот Господ Исус Христос!“ (Римјаните 5:21).

Ние со познавањето на законот сме се венчале за гревот. Тој грев е во нашето тело (природа), затоа што оние кои се венчани се едно тело. … Но, гревот во себе донесува смрт, бидејки „Осилото на смртта е гревот“ (1 Коринтјаните 15:56). … Каква страшна состојба!

Меѓутоа, „нема осудување за оние, кои се во Христа Исуса…“ (Римјаните 8:1). Зошто? Затоа што Тој го зел на себе проклетството на законот, за да би можело да дојде благослов на нас. Додека сме во Него, ништо не може да дојде на нас, а најпрвин да не помине преку Него; а во Него сите проклетства се претворуваат во благослови, и гревот се претворува во правеност.

Pin It on Pinterest