„Бог, Кој од стари времиња, многупати и на многу начини, им зборуваше на нашите татковци преку пророците, во последниве денови ни зборуваше преку Синот, Кого Го постави за наследник на сè и преку Кого ги создаде и вековите. … Кој носи сè со Своето силно Слово, Кој го изврши очистувањето на гревовите и седна оддесно на Величеството во висините“ (Евреите 1:1-3 ; Библија)

Тој носи сè и го одржува со својот силен збор. Дали и овој свет? Да. А Сонцето? Да. И сите ѕвезди? Да. А можеме ли и ние да бидеме вброени во тоа „сè“? Ќе бидеме ли подржани/носени со Неговиот силен збор?

Дали некогаш во својот живот сте почувствувале нелагодност, кога ве пробудило утринското Сонце, плашејќи се дека Сонцето ќе падне? Не. Дали некогаш сте почувствувале нелагодност кога сте се разбудиле на утринското сонце, во страв дека како христијанин би можеле да паднете пред заоѓањето на сонцето? Нема сомнеж дека некогаш сте го почувствувале тоа. Зошто не сте се чувствувале нелагодно на помислата дека Сонцето би можело да падне пред своето заоѓање, во страв дека може да се клизне од своето место и да падне, а сте се плашеле дека вие самите би можеле да паднете?

Сосема е исправно христијанинот да се запраша зошто Сонцето не паѓа од своето место. Одговорот е: заради „силата на зборот“ на Исус Христос која го одржува Сонцето на неговото место. А истата таа сила го држи и оној кој верува во Исуса. Оној кој верува во Исуса треба да го очекува тоа исто така сигурно како што знае дека Тој ги држи Сонцето и Месечината на нивното место. Вие едноставно ќе ја извршувате својата работа, своите мисли ќе ги посветите на таа работа, а држењето на Сонцето ќе го препуштете на Бога, на кој што тоа му припаѓа. Исто така ќе ја извршувате својата работа, а ќе му препуштете на Бога да се грижи за она што му припаѓа Нему. Посветете ги своите мисли на она што ви е дадено да го работите. На тој начин ќе служете на Бога со целиот „свој ум“. Ние не можеме себе да се сочуваме од пад, ниту пак можеме самите себе да се подигнеме. Тој не ни ја доверил таа задача нам.

Pin It on Pinterest