„А сè тоа им се случи за пример, и е напишано за поука нам, врз кои дојдоа краевите на времињата. И така, кој мисли дека стои, нека внимава да не падне! (1 Коринтјаните 10:11-12)
Оној кој што се потпира на Бога дека ќе го одржи, не се потпира на своите сопствени напори. Оној кој постојано има на ум дека Бог го држи, и дека мора да го држи, нема да се фали со својата способност дека може да стои. Кога вечерва би ме довеле овде потполно беспомошен, и кога двајца или тројца браќа овде би требало да стојат и да ме придржуваат, не би било згодно да кажам: „Погледајте ме како стојам!“ Така е и со христијанинот.
Божјиот збор кажува: „Тој стои или паѓа пред својот господар; а ќе стои, зашто Господ е силен да го постави да стои.“ (Римјаните 14:4). Оној кој се препушта на Бога дека го држи, кој знае дека единствено Бог може да го одржи да стои – не може ни да помисли да каже: „Јас сега стојам и затоа немам опасност да паднам.“ Кога се ослободува од Господовата рака и почнува да се обидува самиот да стои, па подоцна се фали како може да стои, не само што се наоѓа во опасност да падне, туку веќе паднал. Тој се ослободил од Божјата рака и затоа сигурно паѓа.
Ако можам да се проценувам себеси така да бидам задоволен со себе и тогаш кажам како рамнотежата е воспоставена – кога тоа го споредам со Христовата проценка, тогаш мојата е толку слаба што потполно ме осудува. Христовата крв т.е. помирувањето до кое е дојдено благодарение на Христос, овозможува Тој да може и вас и мене да нè „изведе пред Себе: свети, непорочни и без вина“ (Колосјаните 1:22).