„Но Го гледаме Исуса „Кој беше направен само за малку понизок од ангелите” – овенчан со слава и чест заради смртното страдање, та по Божјата благодат да ја вкуси смртта за сите.“ (Евреите 2:9 ; Библија)

Во една прилика го видовме Исуса повозвишен од ангелите, а овде го гледаме помал од ангелите. Зошто? Затоа што бил сторен помал од ангелите, а тогаш, поради гревот, се спуштил уште пониско. Го гледаме Исуса таму каде што се наоѓа човекот откако погрешил и постанал подложен на смртта. Како што е вистина дека Исус бил таму каде што е Бог, така е и вистина дека дошол таму каде што е човекот.

Тој кој бил со Бог таму каде што е Бог, со човекот е таму каде што е човекот. И Тој кој бил со Бог како што е Бог, со човекот е како што е човекот. Оној кој бил едно со Бог и како што е Бог, едно е со човекот како што е човекот. И како што е јасно дека Неговата природа била Божја, исто така е јасно дека овде Неговата природа е човечка.

„Зашто и Оној Кој осветува и оние кои се осветувани, сите се од Еден; затоа не се срами да ги нарече браќа“ (Евреите 2:11). Христос и Бог на небото биле едно семејство. Во каков однос е Тој со човекот на земјата? „Сите се од Еден“. Тој затоа „не се срами да ги нарече браќа“ и вели „Ќе им го навестам Твоето име на Своите браќа, ќе Те фалам среде собранието” (Евреите 2:12). Наскоро доаѓа време кога Христос ќе го води пеењето насред Црквата. Оној кој бил едно со Бог, постанал едно со човекот. За тоа ќе продолжиме во утрешниот ден.

„Зашто, немаме првосвештеник кој не може да сочувствува со нашите слабости, туку Кој бил искушуван во сè како нас, освен гревот“ (Евреите 4:15).

Pin It on Pinterest