„Бидејќи пак децата имаат учество во месото и крвта, така и Тој зеде учество во тоа, и со смртта да го уништи оној, кој ја имаше власта над смртта, односно ѓаволот.“ (Евреите 2:14 ; Библија)

Еден човек (Адам) е извор и глава на сета наша човечка природа. А Христовото родословие, како еден од нас, се протега сè до Адама. Ние сме синови на првиот човек, а тоа е и Христос по телото. Во првото поглавје на Посланието до Евреите го имаме Христос и Неговата божествена природа. Во второто поглавје Христос и Неговата човечка природа.

Можно е да имате нешто што по облик е човек, а да нема човечка природа. Можете да имате камен во облик на човек, но не и со човечка природа. Вистина е дека Исус зел обличје на човек, но и повеќе од тоа. Зел човечка природа.

Христос зел тело и крв на ист начин на кој ние ги земаме. А како земаме тело и крв? Преку раѓање, од Адам. И Христос зел тело и крв преку раѓање, исто така од Адам. Тој е „по тело роден од Давидовото семе“ (Римјаните 1:3). Иако Давид го нарекува Господ, Тој е и син Давидов (Матеј 22:42,45). Според родословието потекнува од Адам (Лука 3:38). И така од човечка страна, Христовата природа е во потполност наша природа.

Спасението е во самиот тој факт. Но, не е доволно само да го кажеме тоа. Од тоа воопшто не треба да се срамиме. Тоа е точка во која се среќаваме со Него, со живиот Спасител, во борбата против силите на искушението.

”Ете, девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануел, кое преведено значи: „Бог со нас!” (Матеј 1:23).

Pin It on Pinterest