„Денес ако го чуете Неговиот глас, не закорувајте ги вашите срца… Браќа, гледајте, да не би во некого од вас, да има зло и неверно срце, та да отстапи од живиот Бог.“ (Евреите 3:7,8,12 ; Библија)

Видовме дека благодатта, бидејќи е целосно од Бога (а силата на благодатта е Божја сила), е во состојба да го оствари сето она за што е дадена; а тоа е спасението на луѓето, избавување од гревот и неговата сила, владеењето на праведност во животот и усовршување на верникот до мерата „на растот на Христовата полнота“ (Ефесјаните 4:13). Благодатта е во состојба да го оствари сето ова според Божјата волја, само ако најде место во срцето и животот (на верникот).

Божјата сила е „за спасение на секој кој верува“. (Римјаните 1:16). Неверството го оневозможува делото на Божјата благодат.

Мнозина веруваат и ја примаат Божјата благодат за спасение од гревовите од минатото, но се задоволуваат со тоа и не ѝ дозволуваат таа иста благодат, која им е дадена за спасение од минатите гревови, да ја надвладее силата на гревот во понатамошниот живот. И ова е уште една фаза на неверство. Така тие залудно ја примаат Божјата благодат ако се земе во предвид големата и конечна цел на благодатта, а тоа е совршенство на животот налк на Христовиот.

Бог не сака било кој залудно да прими благодат, за да не би се случило нејзиното благословено делување да биде погрешно претставено пред светот, па луѓето да би биле спречени да ѝ се препуштат. Тој не сака Неговата благодат да биде залудно примена, бидејќи кога се случува тоа, на самата служба на благодатта ѝ се припишува вина. Но кога благодатта не се прима залудно, нема да има место за било какви напади над нејзе и на службата на благодатта не само што нема да ѝ се најде замерка, туку напротив ќе биде благословена.

Нашите гревови и нашите слабости се ставени на Христа. Победата е извојувана за секој човек и непријателот е разоружан. Ние само треба да ја прифатиме победата која Христос ја извојувал. Нашата вера прави таа победа да биде реална за нас. Губитокот на вера нè става надвор од оваа стварност и стариот човек т.е. телесната природа повторно надвладува. Така, тоа што е уништено со верата, со неверството повторно се изградува.

Pin It on Pinterest