2 Зашто вели: „Во благопријатно време те послушав и во денот на спасението ти помогнав.” Еве, сега е благопријатното време, ете, сега е денот на спасението! (2 Коринтјаните 6:2 ; Библија)

Колку е потполно и сеопфатно владеењето на благодатта во животот таму каде што не е примена залудно?

Господ ја одредил следнава листа во која е опфатено „сè“ она во што можеме да се покажеме пред Бога. Прочитајте внимателно 2 Коринтјаните 6:4-10:

4 туку во сè се покажуваме како Божји слуги: во големо трпение, во неволји, во беди, во тешкотии, 5 при удари, во темници, во буни, во напори, во бдеења, во пости; 6 во чистота, во знаење, во трпеливост, во добрина, во Светиот Дух, во нелицемерна љубов; 7 во словото на вистината, во Божјата сила, со оружје на правдата, со десната и левата рака, 8 со слава и со срам, со лош глас и со добар глас, како измамници, а вистински луѓе, 9 како непознати, а пак, добро познати, како оние кои умираат – и ете, живееме; како казнувани, но не убивани, 10 како жалосни, но секогаш радосни; како бедни, а збогатуваме други, како оние кои немаат ништо, а имаат сè.

Оваа листа опфаќа сè што може да се случи во животот на секој верник во овој свет.

Таму каде што Божјата благодат не е примена залудно, оваа благодат ќе го запоседне и контролира животот, тако што секое доживување ќе доведе до тоа да нè направи „врсници пред Бог“, да нè доведе „до состојба на совршен човек, до мера на возраста на Христовата полнота“ (Ефесјаните 4:13).

1 А како Негови соработници ние ве молиме, да не ја примате напразно Божјата благодат. (2 Коринтјаните 6:1)

Pin It on Pinterest