Дури и од оваа страна на Христовиот крст, по Неговата смрт, требало да биде трајно уништен истиот мртов формализам, напразното исповедање, но тоа се возвишило и станало проклетсво насекаде за сите оние кои се исповедале како христијани. Многу бргу, се вовлекле необратени луѓе во црквата и се возвишувале наместо Христос. Не наоѓајќи го Христовото живо присуство во срцето, преку живата вера, тие оттогаш се обидуваат да ја имаат формата на христијани за да го надоместат Неговото отсуство, чие присуство е единствената работа која дава значење на овие форми.

Во овој изопачен систем, нановото раѓање доаѓа преку формата на крштевањето, која може да се направи и со попрскување на неколку капки вода. Вистинското Христово присуство се појавува во формата на вечерата Господова. Надежта за спасението се наоѓа во учествувањето во службите на црквата. И така тие натрупаа низ целата листа на христијански форми, нивни илјадици измислени форми на покајување, аџилак, традиции и разлики со големина на едно влакно.

И како што отсекогаш било со формалистите, животот бил само постојано манифестирање на телесни дела – расправии и спорови, лицемерие и беззаконие, прогонство, шпионажа, предавство и секоја злоба. Ова е папството.

Меѓутоа, овој зол дух на мртов формализам се раширил многу подалеку од границите на папството. Тоа стана проклетство насекаде во христијанството, па дури и ширењето на троангелската порака не се спасило од ова. Тоа е ширум светот преовладувачко зло на последните денови, сè до доаѓањето на Господа во слава на небесните облаци.

„Но ова знај го: во последните денови ќе настанат тешки времиња. Зашто луѓето ќе станат себељубиви, среброљубиви, самофалци, горделивци, хулители, непокорни кон родителите, неблагодарни, неправедни, безбожници, непомирливи, клеветници, невоздржливи, нескротливи, недоброљупци, предавници, пребрзи, надуени, повеќе сластољубиви отколку богољубиви, на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле. И од нив бегај! 2. Тимотеј 3,1-5.

Оваа сепреовладувачка форма на побожност која е без сила, па дури и ја одрекува силата, претставува мртвиот формализам против кого треба да се бориме со борба на жива вера. Живата вера која е донесена во светот преку троангелската порака, треба да нè спаси од проголтувањето на светското море на мртов формализам.

Како е тоа со вас индивидуално денес? Дали е вашето мртов формализам или жива вера? Ја поседувате ли формата на побожноста без силата? Или пак преку живата вера го имате живото присуство и силата на живиот Спасител во вашето срце, давајќи божествено значење, живот и веселба на сите форми на служби и славја кои Христос ги предодредил, и правејќи ги Божјите дела, ги манифестирате плодовите на Духот во целиот живот?

Освен значењето на наоѓањето на живиот Спасител Христос во словото и живата вера во Него, па дури и сега самото слово може да се претвори во мртов формализам како што тоа било кога Тој бил на земјата. Тогаш им рекол: „Ги истражувате Писмата, зашто вие мислите дека во нив имате живот вечен; а токму тие сведочат за Мене. Но, не сакате да дојдете кај Мене за да имате живот.“ Јован 5,39.40.

Тие сакале да најдат вечен живот во Писмата без Христа, а тоа значи, самите да го исполнуваат писмото. „А сведоштвото е тоа дека Бог ни дарувал живот вечен; и тој живот е во Неговиот Син“ – како што Го наоѓаме Него во Писмата, а не словото на Писмата без Него. Бидејќи тие се тие кои сведочат за Него. Тоа е нивната цел. Па затоа „Кој Го има Синот Божји, тој го има и тој живот; кој го нема Синот Божји, го нема тој живот.“ 1. Јован 5,11.12.

„Вистинската побожност ги поттикнува мислите и постапките; тогаш надворешните облици на религија се согласуваат со внатрешната чистота на христијанството; тогаш оние церемонии кои се бараат во служба на Бога, не се бесмислени ритуали како оние на лицемерните фарисеи“ (Spirit of Prophecy, vol. 2., стр. 219).

A. T. Jones
Bible Echo, February 4, 1895

Pin It on Pinterest