Alozo. T. Jones
Објавени во продолженија во списанието „Review and Herald“
2.10 Лекции за верата (десетти дел) – 21 февруари 1899

Верата е целосна зависност само од Божјото слово, за извршување на тоа што го вели словото.

Бидејќи е така, никогаш не смее за момент да се заборави дека таму каде што нема Божјо слово, не може да има вера. Ова исто е покажано во вистината дека „верата доаѓа од слушањето на пораката, а пораката – од Божјото слово. Рим. 10,17. Бидејќи верата стварно доаѓа од самото Божјо слово, совршено е јасно дека таму каде што нема Божјо слово, таму не може да има вера.

Ова е убаво илустрирано во еден момент од Давидовиот живот: бидејќи Давид посака во своето срце да изгради дом на Господа, Господ му проговори преку својот пророк Натан велејќи: „И Господ те известува дека Тој ќе ти подигне дом… . И ќе биде непоколеблив твојот дом и твоето царство засекогаш пред лицето Мое.“ Тогаш Давид се помоли и рече: „А, сега, Господи Боже, утврди го засекогаш зборот што си го изрекол за твојот слуга и за домот негов и исполни го она што си го изрекол. Нека се возвеличи името твое засекогаш, та да велат: „Господ Саваот е Бог над Израел.“ И домот на твјот слуга Давид да биде цврст пред Твоето лице. „Бидејќи Ти, Господи Саваоте, Боже Израелов, му откри на Твојот слуга, велејќи: „Ќе ти воздигнам дом“, Твојот слуга го подготви срцето свое да Ти се моли со таа молитва. И така, Господи, Боже мој! Ти си Бог, и твоите зборови се неизменливи, и Ти му вети на Твојот слуга големо добро. А сега благоволи и благослови го домот на Твојот слуга, та тој да биде вечно пред Твоето лице, зашто Ти, Господи, Боже мој, го објави тоа, и со Твојот благослов домот на Твојот слуга ќе стане благословен засекогаш.“ 2. Сам. 7,11-29.

Неговата молитва била целосно од вера, бидејќи била целосно од Божјото слово, Божјото слово била причината; Божјото слово било основата; и Божјото слово било надежта на Давид дека молитвата некогаш ќе биде вослишена.

Тој побарал според Божјата волја, бидејќи Божјата волја била изразена во Божјото слово. Бидејќи побарал според јасно искажаната Божја волја, Давид знаел дека неговата молитва била слушната. Знаејќи дека неговата молитва била слушната, Давид знаел дека ќе го добие барањето кое го посакал од Него. 1. Јов. 5,14 Затоа тој рече: „Така и нека биде.“ Па така, исто и одговорот на молитвата бил, е, и засекогаш ќе биде сигурен кон Давида.

И ова е напишано за наша поука; да би знаеле како да се молиме со вера и како во молитвата да ја негуваме верата. Затоа: Оди и прави така. Бидејќи „Знаењето за значењето на повиците од Писмата кои се однесуваат на нас, дека постои неопходност од негување на верата е посуштинско од било кое друго знаење кое може да се стекне.“

(продолжува)

Pin It on Pinterest