Alozo. T. Jones
Објавени во продолженија во списанието „Review and Herald“
2.11 Лекции за верата (единаесетти дел) – 28 февруари 1899

Верата доаѓа од слушањето на пораката, а пораката – од Божјото слово. Затоа Божјото Слово е единственото средство на верата. Затоа, таму каде што нема Божјо слово, не може да има никаква вера. А таму каде што е Божјото слово, верата е целосна зависност само од Божјото слово, за извршување на тоа што го вели словото.

Од сето ова, кое е вистина, совршено е јасно дека за некој да побара со вера, мора најпрво да биде сигурен дека го има словото Божјо за тоа што го бара.

Имајќи го Божјото слово за тоа што го бара, тој, како Давид, може да најде во срцето сила да се моли со совршена доверба, која е само во совршена вера.

Оној, кој така се моли, знае дека бара според Божјата волја, бидејќи знае дека за тоа барање го има јасното Божјо слово.

Затоа знае дека Бог го слуша, и знаејќи дека Бог го слуша, знае дека го има нештото кое го побарал, бидејќи единствената основа за неговата надеж е словото кое е изговорено, кое е единствената основа на неговото барање.

Господ ни вели така да се молиме, и на тој начин Тој направи одредба за постојан, силен и континуиран раст на верата.

Многумина се молат, но не знаат дали е Господова волја да го имаат она за што се молат и затоа не знаат дали можат со сигурност да го бараат; и не знаејќи дали можат да го бараат, сите се во конфузија за тоа дали нивните молитви се одговорени или не.

Господ не сака никој да се движи несигурно. Затоа, Тој ни го дал Неговото слово, кое совршено го подготвува секого за секое добро дело преку кое се дадени сите работи што се однесуваат на животот и побожноста.

И секој кој бара во Божјото слово нешта кои Бог ги обезбедил за сите, и по тоа конкретно слово се моли за тоа нешто, барајќи ја јасно изразената волја на Бог, знае дека се слуша неговата молитва и дека тој го има нештото за кое се молел.

Правејќи така, молитвите ќе бидат секогаш сигурни, животот ќе биде исполнет со директни дарови од Бога, и верата ќе биде сигурна и цврста и ќе биде во непрестано растење во сила.

Многумина се молат со молитвата на апостолите: „Господи, засили ни ја верата.“ Ова е добро. Но, сепак со ова не смее да се заборави дека верата доаѓа само од Божјото слово. Затоа, со сигурност ќе се зголемува вашата вера, но само ако исто така има и зголемување на Божјото слово. А единствениот начин да може да има зголемување на Божјото слово, е преку покорувањето на тоа слово, молејќи се на Господа за она што го вели тоа слово, во целосна зависност од тој збор за тоа нешто и заблагодарувајќи му се дека сте ја примиле. Тогаш и така, тоа слово е примено и живее во тебе.

Затоа додека се молиме: „Господи, засили ни ја верата,“ во исто време мораме да имаме на ум дека треба да се изградиме во пресветата наша вера. Јуда 20.

Ова е како се вежба верата. Верата може да се вежба само на Божјото слово, бидејќи таму каде што нема Божјо слово, не може да има вера.

И „сфаќањето како се вежба верата, тоа е науката на евангелието!“

(продолжува)

Pin It on Pinterest