Alozo. T. Jones
Објавени во продолженија во списанието „Review and Herald“
2.13 Лекции за верата (тринаесетти дел) – 14 март 1899

„Бидејќи во Него се открива правдата Божја, од верата и во верата.“ Рим. 1,17.

Верата е целосно зависење од Божјото слово, и очекување словото да го направи тоа што словото и го вели.

Дали тогаш, праведноста зборувана преку Божјото слово, е за луѓето да можат да се потпрат целосно на тоа слово, дека словото ќе го постигне тоа што словото го вели? Да. Навистина, тоа е самиот предмет на Христовиот дар. „Него Бог Го постави… да ја покаже Својата праведност во простување на поранешните гревови, во времето на Божјото долготрпение. Рим. 3,25.

Гледајќи тогаш дека Бог го испратил Христа експлицитно да објави, да зборува, за Божјата праведност, сигурно е дека било зборувано Божјото слово, од кое може да се има целосна зависност, очекување словото да го направи тоа што словото и го вели. Со други зборови, постои праведност која може да се добие преку вера.

Со што се кажува ова слово? Се кажува во словото „простување.“ „Тој е верен и праведен за да ни ги прости гревовите;“„Но, во тебе има простување.“

Сега, што е значењето на простувањето? Зборот „прости“ во англискиот јазик се состои од два збора, „forgive” – „for“ „give“ – „for“ – што значи „за“ или „на“ некој и „give„ – што значи „дава“, односно „give for“ што значи да се „даде за.“ Затоа, да се прости, значи да се даде за. За Господ да прости треба да даде за гревот. Но што дал Господ за гревот? Тој ја објави „Неговата праведност за простување на гревовите.“

Затоа, кога Господ простува – дава за – гревот, Тој дава праведност за гревот. Праведноста на Господ е единствената праведност која ја има, од тоа следи дека, тоа што Бог дава, или може да даде за гревот е Божјата праведност.

Ова е Божјата праведност како подарок. Па така, сите луѓе згрешија и за некогаш да се очистат мора да имаат простување кое е потполно бесплатно. И како простување на гревот – Божјата праведност дадена за грев – е потполно бесплатна – ова е Божјата праведност како бесплатен дар „…дојде врз сите луѓе оправдание, кое дава живот.“ Рим. 5,18.

Затоа, секоја душа која бара од Бога простување на гревот, со самото тоа бара од Бога да му даде праведност за гревот. Секоја душа која бара простување од Бога, го бара само преку Божјото слово, кое зборува за простување. А верата е целосно потпирање на словото за тоа што го зборува словото. Така, праведноста е целосно од верата.

„Зашто секој што моли, добива.“ Многупати си побарал од Господ да ти ги прости гревовите; односно, си побарал да даде за гревот. Но, кога бараш Господ да даде за твојот грев, со тоа бараш да го даде единственото нешто што Тој го дава или што може да го даде, а тоа е праведност. Тоа е значењето на барањето прошка од Господ.

Тој навистина простува – Тој навистина дава за – твоите гревови кога ќе Му побараш. Тој вели дека Тој го прави тоа, и Тој го прави тоа. „Тој е верен“ – тоа значи, Тој никогаш нема да изневери – „и праведен за да ни ги прости гревовите.“ Единственото нешто кое Тој ни го дава за гревовите е Неговата праведност.

Тогаш зошто не Му благодариме за праведноста која Тој бесплатно ја дава за гревовите кога ќе Му побараме?

Не приметуваш ли дека праведноста преку вера е толку едноставна колку и барањето од Бога за простување на гревот? Навистина е само тоа.

Да се верува дека праведноста се дава за твојот грев, кога бараш простување, и благодарно да ја примиш праведноста како Божји дар – тоа е покажување на вера.

Колку е само вистина тоа дека „многу патиме и жалиме поради нашето неверие и нашето незнаење како да покажеме вера.“

«Имаш ли вера?» Имај ја верата од Бога. Тука се оние што ја „имаат Исусовата вера.“

(продолжува)

Pin It on Pinterest