Alozo. T. Jones
Објавени во продолженија во списанието „Review and Herald“
2.14 Лекции за верата (четиринаесетти дел) – 28 март 1899

Зашто во Христос Исус ниту обрезанието има сила, ниту необрезанието, туку верата, која дејствува преку љубовта.
(Гал. 5,6.)

За оние на кои се мислело кога овој стих бил првично напишан во писмото, обрежувањето било сè, и тоа било сè едноставно поради она што го претставувало.

А обрежувањето, за тие луѓе претставувало дела и само дела. Било најголемо дело од сè – па дури поголемо и од самото создавање – бидејќи, според рабините: „Толку е големо обрежувањето, што Светиот, благословен нека е, не би го ни создал светот.“ „Големо е како и сите други заповеди,“ „еднакво со сите заповеди од законот.“ (Farrar’s “Life of Paul,” chap. 22, par. 5, note; chap. 35, par. 4, note.)

Сепак, ова што за нив било толку големо, Господ го отфрла со зборовите: „Обрезанието е ништо“, и во Исус Христос, обрежувањето не користи ништо. А со оглед на она што обрежувањето значело за нив, ова е како да се кажало дека сите дела се ништо, и во Исус Христос делата немаат никаква корист.

Тогаш, на сите други, кои со оглед на тоа може да се наклонат да се фалат во нивниот недостаток на дела и на тој начин да го оправдаат гревот, дадено е слово со еднаква сила: „И необрезанието е ништо.“ „Во Исус Христос ниту… необрезанието не достигнува ништо,“ а од тука, може едноставно да се каже дека отсуството на дела е ништо и во Христа Исуса отсуството на дела нема никаква корист.

Тогаш, делата се ништо а исто така и одсуството на дела е ништо. Во Исус Христос ниту делата, ниту недостаток на делата имаат некаква корист.

Затоа ова Господово слово, крајно и засекогаш ги исклучува двете класи, од сите заслуги и од сите основи на заслуги во себе или во нешто што некогаш го направиле или не го направиле.

И ова е вистина денес, како и отсекогаш. Денес, без разлика дали личноста е во Христа или не, ниту дела ниту без нив има некаква корист. Бидејќи е запишано: „Дали сте во Христа? Не ако не признаете дека сте грешни, беспомошни, осудени грешници… . Вашето раѓање, угледот, богатството, вашите таленти, вашите добродетели, вашата побожност, вашата филантропија или било што друго во вас или поврзано со вас, нема да формира врска на соединување помеѓу вашата душа и Христос.“ (“Testimony for the Church,” No. 31, pages 44, 45.)

И што тогаш? Дали сите се оставени во потполна празнина? Не, никако! Благодарение на Господ има нешто кое е корисно за сите, и е корисно засекогаш. Сепак, вечна е вистината дека „во Исус Христос ниту обрезанието има корист ниту необрезанието, ниту пак делата или недостатокот на делата има некаква корист; исто така е вечна вистината дека „во Исус Христос… ВЕРАТА КОЈА ДЕЛУВА“ е корисна.

Забележете дека не се верата и делата тие кои се од корист; туку „верата КОЈА делува.“ Верата е таа која е сама по себе способна за дела и способна да делува – ова и само ова е од корист за било кого, секаде и секогаш.

Верата и делата се само од Бога; таа ги работи само Божјите дела. Затоа, тој кој има во Исус Христос „вера која делува,“ има она што има за цел да покаже дека Бог се манифестира во телото, работејќи ги делата Божји. И така, „Божјото дело е ова: да поверувате во Оној Кого Го испрати Тој.“ (Јован 6,29)

Па така, додека сте во Христос „ако има и малку добро во вас, тоа целосно се припишува на милоста на сочувствителниот Спасител… Вашата поврзаност со црквата, начинот на кој вашите браќа ве гледаат, нема да биде од никаква корист ако не верувате во Христос. Не е доволно да се верува за Него; морате да верувате во Него. Морате целосно да се потрпете на Неговата спасувачка милост.“ (“Testimony for the Church,” No. 31, pages 44, 45.)

„Имаш ли вера?“ Имај ја верата од Бога. Тука се оние што ја „имаат Исусовата вера.“

(продолжува)

Pin It on Pinterest