Помеѓу астролозите често се слушаат тврдења дека астрологијата  е наука, па дури и тоа дека некои истражувања ја потврдиле нејзината веродостојност. Дали е тоа навистина така?

 

Заедничките полиња на интересирање

Вистина, предмет на изучување на астрологијата (со оглед на тоа дека се заснова на набљудувањето на движењето на небесните тела и продира во проучувањето на човечката психологија)  делумно допира до некои полиња на реалноста со кои се занимаваат науките како што се астрономија, астрофизика, биолигија, психологија или социологија. Но освен тие далечни допирни точки, астрологијата со овие науки нема многу заедничко, ниту е блиска на модерната наука, напротив, дури е и директно спротивставена.

 

Комплицираната терминологија и научните изрази

Астролозите користат комплицирана терминологија (како што се на пример астролошките термини  „инконјукција“, „лунација“, „синастрија“, „прегеринитет“,  од кои многу имаат астрономски предзнак – „надир“, „афел“, „апогеј“, „сидерално време“, „перигеј“, „перихел“, „асцендент“, итн.) и сложените астролошки системи, па се создава впечаток на  „наука“ и големо „знаење“ кое е пристапно само кај одредени луѓе. Овој „призвук“ на наука, астрологијата го добила во голема мера благодарение на својата поврзаност со астрономијата.

 

Научни методи

Сосем доволен доказ дека астрологијата не е наука е фактот дека астролозите не ги употребуваат научните методи, како што се набљудување, експеримент или статистичка метода,  за да дојдат до своео тврдење, па дури не се држат ни до првото и најважно правило дека научната хипотеза треба да се докажува. И покрај тоа, многу и понатаму тврдат дека астрологијата има научни основи, па од таа причина подробно ќе ги истражиме ваквите тврдења, анализирајќи го пред сè односот на астрологијата со науките како што се астрономијата и физиката.

Pin It on Pinterest