Александар Крутов, Русија

„Тој избавува и спасува, прави знаци и чудеса на небесата и на земјата! Тој го спаси Даниела од силата на лавовите!“ (Даниел 6:27)

Едно лето Бутусова Рима одлучила да отиде до едно село, кое никогаш не го посетил литературен евангелист. Патувала речиси еден цел час во прегреаниот автобус, но кога излегла, ја дочекало свежо ветре. По излегувањето од автобусот се сетила на зборовите: „Господ му прозборел со тивок и тенок глас“ па се помолила: „Господе, води ги моите нозе кон оние кои се подготвени да го прифатат Твојот збор.“ Одејќи по патот кон селото, се подготвувала да пријде на првата куќа кога речиси од никаде еден огромен пес излегол пред неа, попречувајќи ѝ го патот. Направила еден внимателен чекор напред, но песот заканувајќи се заржал. Очигледно не сакал да ѝ дозволи да му пријде или да помине.

Бутусова одлучила да не се откаже. Се сетила дека во такви ситуации, човекот не треба да делува уплашено, па почнала да зборува со песот, обидувајќи се да звучи пријателски: „Ти си добар пес, многу добар. Добро служиш и ги штитиш своите господари!“ Песот се смирил и дозволил да му се приближи. Потоа ја погледнал и почнал да мафта со опашот. Бутусова продолжила да му зборува: „Добар пес. Те молам да ме однесеш кај својот господар! “

Изгледало како песот да разбира. Мафтал со опашот, се свртел и потрчал кон капијата. Се вртел од време на време, како да ја повикува да го следи. Бутусова одела по песот се до влезната врата од куќата. Чукнала, но немало одговор. Седнала на клупата покрај терасата да се одмори. Песот стоел пред неа, мафтајќи со опашот кога неговиот господар се појавил на вратата.

Изненаден рекол: „Тој никогаш не дозволува на било кој да пријде дома. На никого и никогаш!“ Бутусова се насмеала: „Сите ние сме Божји деца.“ Потоа започнале навистина интересен разговор. Како резултат на тоа човекот купил и порачал неколку книги.

Тој ден Бутусова се поистоветила со Даниел кој ноќта ја поминал во јамата со свирепите лавови кои не биле ни блиску толку сурови кога Бог и ја затворил устата. Благодарејќи на Божјата заштита можела да стекне пријател и да ја донесе Божјата реч во домот на овој човек.

Pin It on Pinterest